Основни дефиниции и поими согласно Законот за управување со отпад
  • Отпад е секоја материја или предмет што припаѓа во категориите на отпад а која создавачот или поседувачот ја/го отфрла, има намера да ја/го отфрли или од него се бара да ја/го отфрли;
  • Опасен отпаде отпадот што по својот состав или концентрации на опасни супстанции може да предизвика опасност по животната средина животот и здравјето на луѓето и коишто имаат едно или повеќе опасни својства, како што се: експлозивност, реактивност (оксиданси), запаливост, надразливост, токсичност, инфективност, канцерогеност, мутагеност, токсичност за репродукција, екотоксичност и својства на испуштање отровни гасови при контакт со вода, воздух или киселина, утврдени во согласност со овој закон или друг пропис, а притоа во Листата на видовите отпад е наведен и посебно обележан како опасен отпад, вклучувајќи го и секој отпад што е измешан со опасен отпад;
  • Неопасен отпаде отпадот што не ги поседува карактеристиките на опасен отпад;
  • Комунален отпаде отпад што се создава од физички лица од домаќинставата (отпад од домаќинства) и комерцијалниот отпад. Отпадот од домаќинствата е отпадот кој секојдневно се собира од домаќинствата, како и посебно собраниот опасен отпад од домаќинствата, кабаст отпад, градинарски отпад и слично;
  • Комерцијален отпаде секој друг отпад создаден од правни и физички лица при вршење на комерцијални, индустриски, занаетчиски, услужни, административни и слични дејности, кој според својата природа или според својот состав е сличен на отпадот од домаќинствата;
  • Индустриски неопасен отпаде отпадот што се создава при производствените процеси во индустријата и не содржи опасни карактеристики, а според својствата, составот и количеството се разликува од комуналниот отпад;
  • Постапување со отпадоте собирање, селектирање, транспортирање, третман, преработка, складирање и отстранување на отпадот, вклучувајќи го и надзорот над овие операции, како и мерките за заштита на животната средина, животот и здравјето на луѓето за време на работата на објектите и на инсталациите за отстранување на отпадот и грижата за него по престанокот на нивната работа;
  • Управување со отпад езбир на активности, мерки и одлуки наменети за избегнување и намалување на количеството на создадениот отпад и неговото негативно влијание врз животната средина, животот и здравјето на луѓето, вклучувајќи го и постапувањето со отпадот;
  • Управител со отпаде лице одговорно за управување и/или постапување со отпад кај правно или физичко лице кое создава, поседува или постапува со отпад;
  • Преработка на отпадотсе операциите кои имаат за цел да се искористат употребливите материи и состојки на отпадот, а притоа ги опфаќаат постапките за повторно користење на отпадот, за рециклирање и за користење на отпадот како извор на енергија, исклучувајќи го горењето на отпадот заради негово дефинитивно отстранување;
  • Преработувач на отпаде правно или физичко лице коешто го преработуваотпадот, без оглед на тоа дали го создало отпадот или преработката ја врши за трети лица;
  • Третман на отпадотсе механичките, физичките, термичките, хемиските или биолошките процеси, вклучувајќи го и сортирањето со кои се менуваат својствата на отпадот, со цел да се намали неговиот волумен или неговата опасна природа, да се олесни ракувањето со него или да се направи попогоден за преработка;
  • Рециклирање на отпадоте добивање супстанции од отпадот (секундарни суровини) и нивно користење како замена за примарните суровини или користење на својствата на супстанциите содржани во отпадот за нивната првична намена или за други намени, исклучувајќи го директното користење на енергијата на отпадот;
  • Повторна употребана отпадот е секоја постапка или метод со кои се обезбедува отпадот да биде повторно употребен за иста цел за која што првобитно бил наменет во согласност со овој закон или друг пропис.
    •  
  • ЗАКОН ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ОТПАД

Превземете го законот за управување со отпад

Превземете ја листата на видови на отпад