• Интересно да се знае за батерии и акумулатори ?
    • Батериите и акумулаторите се произведени од вредни и ретки суровини
    • Батериите и акумулаторите содржат разни опасни хемикалии и тешки метали
    • Задолжително е означување на батерии и акумулатори со знакот (симболот) за одвоено собирање.
    • Не е дозволено отфрлање на батерии и други оловни батерии и акумулатори во комунален отпад, туку е потребно нивно одложување во специално наменети садови (канти и контејнери ).
    • 61% од населението во РМ користи примарни батерии за еднократна употреба, додека секундарни батерии на полнење користи само 25% од населението. (Според истражување на НВО Метаморфозис од 2011 година)
    • Со рециклирање на металите содржани во батериите се остварува заштеда на енергија од 45% до 90% во споредба со процесот на производство преку преработка на рудата.
    • До 60% од батеријата или акумулаторот може да биде успешно рециклирана.
    • Само 2% од батериите се рециклираат.
    • 70% од батерии, завршуваат во депонија. Тоа се околу 8.000 тони /годишно
    • Батериите (преносни, од мобилен, лап-топ, од помошни уреди, часовници, компјутери и др.) се собираат оделно и не се мешаат со друг вид на отпад.
    • Батериите се неизоставен дел од електричната и електронската
    • опрема
    • Матичните плочи од ИТ опремата имаат копчеста  живина батерија.
    • Eдна батерија може да го загади 750.000 литри на подземните води.
    • Rechargeable батериите се 10 пати полоши за животната средина од обичните батерии.
    • Целосно наполнета батерија замрзнува на -85°F .
    • Празната батерија доколку не се наполни ќе „сулфира“ и ќе изгуби од својот капацитет.
    • Брзото полнење не може во целост да ја наполни батеријата, затоа следете го бавниот процес на полнење со траење од 3 до 4 часа.
    • Најчесто непризнаена причина за расипување на една батерија е најзино преполнување.
    • Топлите батерии како и оние преполнетите се расипуваат побрзо од ладните.
    • Можете да го зголемите векот на „живеење“ на една батерија со тоа што ќе ја чувате во ладна просторија на пример во фрижидер или замрзнувач со што се забавуваат хемиските реакции во самата батерија.
    • Американците купуваат речиси 3 милијарди батерии секоја година за радија, часовници, играчки, лап-топ компјутери, алатки итн.
    • Митот дека батеријата побрзо протекува на бетонска подлога е невистинит. Протекува со истата брзина како и на секој друга подлога.
    • За правење на батериите е потребна 50 пати поголема енергија во споредба со износот на енергија што батериите можат да ја дадат.
    • Во некој земји дури 97% од оловни акумулатори се рециклираат.
    • Една батерија за кола – акумулатор  содржи 18 кг. Олово и 1 кг. сулфурна киселина.
    • 60-70% од штетата од депониите е предизвикана од батериите.
    • Ефикасноста на батеријата се зголемува со опаѓањето на температурата.
  • ОНА ШТО ТРЕБА ДА СЕ ЗНАЕ ЗА БАТЕРИИ!!!

Секој современ жител годишно употребува просечно по 12 различни видови батерии.

Што е батерија?

Батерија или акумулатор е секој извор на електрична енергија создадена со директно претворање на хемиска енергија, кој содржи една или повеќе примарни батериски ќелии (кои не можат повторно да се полнат), или содржи една или повеќе секундарни батериски ќелии (кои можат повторно да се полнат);

Во текот на една година батериите губат од 8-10% од својата енергија дури и ако стојат во своето оригинално пакување.

Кога е пронајдена првата батерија?

Првата батерија е создадена од Александро Волта во 1798 и е направена во чест на Наполеон и е позната под името волтин столб или волтин елемент.

Зошто ни се потребни батериите?

Батериите ни се потребни бидејќи ни обезбедуваат енергија без оглед на достапност на електрична енергија и ни овозможуваат независност од електричната мрежа.

Дали сметате дека батериите се опасни?

Да! Во нашиот секојднвен живот постојано сме во контакт со батериите на пр во мобилните, лаптопот, далечинските управувачи, часовниците и сл. Но по нивното истрошување тие се фрлаат и се заменуваат со нови. Батериите стануваат штетни токму по нивното фрлање во обичниот отпад , бидејќи тие претставуваат опасен отпад.

Зошто всушност се категоризираат како опасен отпад?

По нивното помешување со обичниот отпад под дејство на хемиски, надворешни влијаниеја и несоодветни услови доаѓа до корозија и излевање на радиоактивни метали надвор од батеријата кои негативно влијаат на почвата подоцна и околината.

Што се сличува ако несоодветно постапам?

Зголемена е опасноста од добивање на карцином на белите дробови и простата, оштетување на централниот нервен систем, остеопороза, стерилитет и др.

Како да се заштитам?

Така што ќе ги фрлам батериите на точно предвитените места наречени канти за батерии.

Каде може да ги пронајдам овие канти?

На  повеќе локации , види го списокот на објекти во концептот Нула Отпад.

Што се добива со случува со собраните батерии?

До 60% од батеријата или акумулаторот може да се рециклира .

Во центрите за рециклирање на отпад од старите батерии се отстрануваат опасните материи, како на пример живата, а потоа се топат на температура од 1 200  степени целзиусови за да се издвојат тешките метали како магнезиум, цинк, никел, кои не се обновуваат во природата.

На пример манганот добиен при согорувањето на батериите може повторно да се употреби за изработка на чешми,  железнички пруги и друго, додека цинкот служи за изработка на олуци или антикорозивни бои.

Тест за исправност на батерии!

Со едноставен тест можете да откриете дали батеријата е полна или празна. Испуштете ја батеријата исправена на црврста подлога. Ако слушнете чист удар и батеријата застане исправена значи дека е полна. Ако е испразнета, ќе удри повеќе пати и веројатно ќе падне.

Како можам да направам сам/а батерија?

Многу едноставно потребни се:бакарни парички, картон, алуминиумска фолија, оцет и диода. Се реди наизменично: паричка, картон, потопен во оцет па фолија и на крај се поврзува со диода која може да свети и до 3 дена.

Превземете ја листата со видови на батерии и нивна употреба