Рециклажата подразбира процес во кој отпадот се преработува во основна суровина која понатаму може да се користи за производство на исти или некои други производи. Рециклажата се применува во рамките на основните принципи на управување со отпадот – правило 3R:

R – Reduce (смалување на количината на отпадот)

R – Reuse (повторна употреба)

R – Recycle (рециклирање)

На прашањето дали е значајна рециклажата на електронскиот и електричниот отпад, тешко е да се даде одговор со оглед на тоа дека со рециклажата се постигнуваат значајни техничко-технолошки и економски ефекти чија цел е зачувување на животната средина. Имено, со рециклирање на ЕЕ-отпадот се спречува загадување на природата со опасни и отровни хемикалии и драстично се смалува количината на отпадот која мора да се складира во депониите, со што потребата од градење на нови депонии двојно се намалува.

Отфрлените електронски и електрчни апарати од домаќинствата и од фирмите, во голем број случаи можат да се преработат во суровини потребни за производство на истите, имајќи на ум колку се високи  цените за тие суровини. Со рециклирање на ЕЕ-отпадот се доаѓа и до значителна заштеда на електрична енергија бидејќи се прескокнува дел од технолошкиот процес кој е потребен за преработка на природните суровини, како што се вадење на руди, флотација, рафинирање и др.

Рециклажата е најважниот аспект на заштита на животната средина, додека со рециклажата на ЕЕ-отпад се издвојуваат опасните компоненти заради кои ее-отпадот се карактеризира како опасен отпад. Неправилно отструнување и постапување со ее-отпадот можат значително да ја загрозат животната средина со оглед на фактот дека еден електронски апарат содржи од 600 до 1000 токсични компоненти. Со правилно постапување и рециклирање на ее-отпадот се постигнува правилен третман со кој се добиваат вредни секундарни суровини, додека со правилно потапување со штетните материи се штити здравјето на луѓето и самата животна средина.