Едукативната и образовната вредност на природата тешко може да се прецени. Улогата на природата во воспитувањето и образованието на децата од најрана возраст е особено голема. Еколошката едукација има повеќесложно значење за сестраниот развој на личноста на детето и неразделно е поврзана со едукација на други позитивни карактерни црти: љубезност, одговорност, емпатија, посветеност, капацитет, не-рамнодушност.

Нула Отпад во континуитет преку едукација се труди да создаде генерации кои ќе знаат како да го чуваат, заштитат и унапредат еко системот во кој живееме. Како мисли и како постапува еден поединец, зависи каква личност оформил уште од детството. Кога едукацијата е педагошки и дидактички осмислена и насочена во тој случај неминовно дава општествено посакувано однесување кое понатаму прераснува во навика и стил на живеење.

Едукативните работилници Нула Отпад ги организира во соработка со општините и воспитно образовните институции и ги опфаќа децата на предучилишна и училишна возраст.

При самите едукации се почитуват стандардите за рано учење и развој кај предучилишните деца, додека кај училишните се адаптира содржината на возрасните особености на учениците.

Се практикува креативен, иновативен и интерактивен пристап во пренесување на нови знаења.  Благодарение на ваквиот пристап, преку симулација на ситуации кои им се блиски на децата кај нив се создава чувство дека можат да ја разберат, да соработуваат со околината која ги опкружува и да ги контролираат настаните во неа. На тој начин создаваме трајни знаења кои понатаму прераснуваат во здрави навики и примерно однесување кон животната средина и живиот свет во неа.

Заедничко делување на заедницата и семејството во потикнување на раното учење и развој е неизбежно, такашто во соработка со еко патролата составена од родители, преку децата генерираме семејства со високо ниво на еко култура и навики за селекција и рециклирање и правилно постапување со е-отпад и отпадни батерии. Еко култура до секој дом и семејство!!!