Во насока на јакнење на јавната свест за заштита на природата и здравјето на луѓето, НУЛА ОТПАД во соработка со Капитол мол и Општина Аеродром поттикнуваат иницијатива за изработка на маски од електричен отпад кои ќе бидат презентирaни во форма на дигитална кампања на социјалните мрежи на Капитол Mол под името Е-КАПИТОЛИЈАДА.

Во Изборот на најдобра еко маска право на учество имаат сите деца од Општина Аеродром, вклучувајќи ги сите градинки и училишта (основно образование,1-9 одделение).

Учесниците во Изборот на најдобра еко маска  ќе имаат за задача да изработат индивидуална или групна креативна маска во која ќе имаат вклучено најмалку 3 стари и неисправни електронски и електрични уреди или стари и потрошени батерии.

Фотографија од направената еко маска треба да се испрати во директна порака на фејсбук профилот на Капитол Мол, заедно со уредно пополнета и потпишана пријава од родител/старател најдоцна до 01.04.2022год. до 16 часот.

НУЛА ОТПАД, за најдобрите три индивидуални маски ќе обезбеди три главни награди. Од стручно жири ќе бидат доделени две награди, прва награда блутут бежични слушалки и втора награда паметен часовник, додека  една награда ќе биде доделена за најлајкувана фотографија на социјалните мрежи на Капитол Мол ( фејсбук + инстаграм) – гејмерски сет (слушалки, тастатура и глувче).

За категоријата најлајкувана фотографија важечки ќе бидат гласовите од објавата на фотографијата до 03.04.2021 – 12 часот.

За најдобрата групна маска од стручно жири Капитол Мол ќе обезбеди пакет училишни материјали

Добитниците на наградите ќе бидат објавени на 05.04 во 12часот.

Кампањата е дел од низа на цели кои треба да се исполнат во општеството и заедницата и со тоа да се постават темелите на раст и развој и чиста и здрава животна средина за сите.

Leave Comment