КАКО ДА СЕ ОСЛОБОДИМЕ НА ПРАВИЛЕН НАЧИН ОД СТАРИТЕ И НЕИСПРАВНИ ЕЛЕКТРИЧНИ УРЕДИ ОД ДОМОТ/КОМПАНИЈАТА?

Современиот начин на живот наметнува постојано купување на нови електрични и електронски уреди, а со тоа исфрлање на старите, дотраени уреди. За таа цел Нула Отпад како лиценциран колективен постапувач формира ЕКО ЛИНИЈА како достапен сервис за граѓаните да пријават и на правилен начин да се ослободат од eлектричниот и електронскиот отпад.

Преку ЕКО-ЛИНИЈАТА – 070 236 000 граѓаните и компаниите на територијата на нашата држава можат секој работен ден да пријават електричен и електронски отпад и правилно да се ослободат од истиот. Со едноставно јавување, нашите екипи вршат БЕСПЛАТНО ПРЕЗЕМАЊЕ од прагот на нивниот дом. Уредите треба да се исклучени од вода и струја и да се на достапно место за преземање.

Физичките лица при самото преземање потпишуваат изјава – документ од МЖСПП со кој изјавуваат од што (каков уред) се ослободуваат.

Сите правни субјекти по подигнувањето на отпадот од страна на Нула Отпад, ги добиваат сите документи согласно Законот за управување со отпад, со кои можат материјално и сметководствено да ги отпишат своите неисправни  електронски и електрични уреди и да докажат дека на исправен начин кој не ја загрозува животната средина и здравјето на луѓето и согласно законите се ослободиле од истите.

Во насока на заштита на животната средина и човековото здравје, Нула Отпад ги охрабрува граѓаните и компаниите да ја користат еко линијата како безбеден, лесен и сигурен начин за правилно одлагање на опасниот отпад.