• Отпадот од електричната и електронската опрема (ОЕЕО) се смета за најбрзорастечки отпад во ЕУ, со стапка на пораст од 3 до 5%, што е три пати повеќе од стапката на пораст на комуналниот отпад.
    • Во ЕУ се продаваат од 11 до 12 милиони тони ОЕЕО годишно,
    • најголем удел по маса од ЕЕ отпад отпаѓа на широкиот спектар бела техника и на информатичката и телекомуникациската опрема.
    • Батериите се неизоставен дел од електричната и електронската опрема

ШТО ТРЕБА ДА СЕ ЗНАЕ ЗА ОТПАД ОД ЕЛЕКТРИЧНА И ЕЛЕКТРОНСКА ОПРЕМА

  • Со рециклажа на компјутери тешки околу 30кг се добива дури 25кг суровина од прва категорија која може да се врати во производство и 4,7кг суровина од втора и трета категорија
    • Е-отпадот содржи чисти и квалитетни суровини, како и многу опасни компоненти (олово, жива, арсен и др.) кои негативно влијаат врз здравјето на луѓето и на животната средина воопшто
    • Поголемиот број од луѓето купуваат нов мобилен телефон на секои 2 години а повеќе од 90% од материјалите со кои се изработени мобилните телефони можат да се рециклираат (не вклучувајќи ја батеријата).
    • Глобално е-отпадот расте со  годишна стапка од 5% што го прави најбрзо растечки отпад на планетата. Тоа значи дека секоја година, глобално, е-отпадот расте за 50 милиони тони, а секој саат се одложуваат 4.000 тони е-отпад.
    • ЦРТ мониторите (со катодна цевка) и телевизиските монитори содржат во просек 2-4кг олово. 40% од оловото во депониите е со потекло од потрошувачката електронска опрема.
    • Дури 70% од ИТ-отпадот може повторно да се употребува, што значи дека истиот може и мора да се рециклира. Рециклирањето е најдоброто решение за јавното здравје, животната средина и економијата.
    • Различен вид на е-отпад содржи околу 60% метали, 30% пластика и помалку од 10% стакло. Со самото тоа е-отпадот претставува добар извор на различни материјали – суровини кои се помалку се достапни во природата.
    • Во Европа е пракса на  30 илјади жители да постои собирен центар за одлагање на отпадна е-опрема.
    • Матичните плочи од ИТ опремата имаат копчеста  живина батерија.
    • 40% од оловото во депониите е со потекло од потрошувачката електронска опрема.
    • Заштедата на енергија на рециклираниот материјал во однос на

оригиналниот материјал од електричната и електронската опрема

(ОЕЕО) која содржи разни видови батерии е прикажана на следнава

табела.

МатеријалАлуминимБакарЖелезо/ЧеликОловоЦинк
Заштеда на енергија (%)9585746560
  • Што треба да се знаеме за електронска и електрична опрема!

Што е Електрична и електронска опрема и уреди? 

Електрична и електронска опрема и уреди ( EE -опрема) претставуваат сите производи кои за својата правилна работа во потполност зависат од електрична енергија или елекромагнетни полиња како и опрема за производство, пренос и мерење на струјата или за мерење на јачина на електромагнетни полиња и е наменета за користење при напон кој не е поголем од 1.000V за наизменична и 1.500V за еднонасочна струја и не ја вклучува  амбалажата.

Електричната и електронската опрема се карактеризира со најбрз технолошки развој и висок иновациски циклус и ова производство претставува една од најбрзорастечките преработувачки индустрии во светот.

Во ЕУ се продаваат од 11 до 12 милиони тони ОЕЕО годишно, а најголем удел по маса отпаѓа на широкиот спектар бела техника и на информатичката и телекомуникациската опрема.

Што се Електричен и електронски отпад?

Електричен и електронски отпад (EE отпад) е отпадната електрична и електронска опрема вклучувајки ги склопките и составните делови, кои настануваат во стопанството (индустрија, обработка и др.), електронски отпад од домаќинства, односно отпадна електрична и електронска опрема  настаната во домаќинствата или во производно/ услужни дејности кога по врста и количина е слична на ЕЕ отпадот од домаќинства.

Отпадот од електричната и електронската опрема (ОЕЕО) се смета за најбрзорастечки отпад во ЕУ, со стапка на пораст од 3 до 5%, што е три пати повеќе од стапката на пораст на комуналниот отпад.

Зошто всушност се категоризираат како опасен отпад?

Отпад од електронска и електричена опрема (ОЕЕО) е комлекс на отпад од различни материјали и компоненти, вклучувајки и опасни материи и према Законот за управување со отпад неможе да се меша со други типови на отпад.

Електричен и електронски отпад содржи отровни и многу често канцерогени супстанци, па заради тоа е многу опасен за човековото здравје , животната средина и нашата планета.

Батериите се неизоставен дел од електронска и електричена опрема.

Што претставува рециклажа на ее отпад?

Целта за управувањето со ЕЕ отпадот е успоставување на систем за одвоено собирање на електричниот и електронскиот отпад.

Потребно е да се класифицира врз основ на категориите на ЕЕ отпад за негова понатамошна употреба, згрижување и заштита на животната средина и здравјето на граѓаните.

Овие ризици можат да бидат значајно намалени доколку добро се управува со тој отпад. Елементите на доброто управување се: одвојување од другиот отпад,  соодветен технички третман, со кој ќе се намали ослободување на штетни материи и ќе се овозможи што поголема рециклажа на истиот.

Рециклажа е збир на активности со кои се обезбедува повторно искористување на отпадните материјали.

Во моментов во РМ повеќе од 90% од ОЕЕО завршува на депонија.

Со рециклажата се постигнуваат следните цели:

1. Штедење на сировински ресурси

2. Заштеда на енергија

3. Заштита на животна средина