Иако компјутерите и другата потрошувачка електроника на прв поглед не изгледаат како премногу опасен отпад, тие сепак содржат низа на материјали, вклучувајќи ги и тешките метали, кои можат да доведат до озбилни еколошки и здравствени последици доколку не се складираат и рециклираат правилно. Здравствените ризици предизвикани од опасните супстанции во елетронскиот отпад се една најважните причини за правилно складирање и рециклирање на истиот.

Електронскиот отпад содржи помеѓу 600 и 1000 различни хемикалии кои се штетни за здравјето на луѓето и кои ја загразуваат животната средина. Меѓу нив најприсутни се: оловото, живата, хромот, кадмиумот, берилиумот, ПВЦ пластиката, бариумот и др.

ПВЦ пластика – најчесто користена пластика, во просек во еден компјутер ја има околу 7кг. При согорување доведува до формирање на диоксини, кои можат да предизвикаат хормонални нарушувања, оштетувања на фетусот, на репродуктивните органи и оштетувања на имунолошкиот систем.

Олово – изложеноста на оловото може да доведе до оштетувања на мозокот, нервите, крвни нарушувања, оштетувања на бубрезите (малигни тумори) и оштетувања на фетусот. Децата се посебно осетливи.

Шестовалентен хром –  се користи за заштита од корозија и како прицврстувач за металните куќишта. Лесно се апсорбира во клетките и може да предизвика оштетување на ДНК-то, а исто така може да предизвика и различни алергии.

Полихлорирани бифенили (ПЦБ) – Токсичните ефекти на ПЦБ вклучуваат имуносупресија, оштетување на црниот дроб, прогресија на ракот, оштетување на нервите, на репродуктивните органи и промени во однесувањето. Тој најчесто се користи во трансформаторите и кондензаторите. Иако е забранет за користење во многу земји, сеуште е присутен во ЕЕ-отпадот.

Кадмиум – предизвикува оштетување на бубрезите, рак на плуќата и на простата. Според Меѓународната агенција за истражување на ракот (IARC), кадмиумот спаѓа во групата на човечки канцерогени.

Бариум –  мек сребрено-бел метал кој се користи во ЦРТ мониторите како заштита на луѓето против зрачење. Кратко изложување на бариум предизвикува оштетување на мозокот, ослабување на мускулите, оштетување на срцето, црниот дроб и јетрата.

Берилиум – многу лесен метал, тврд, добар спроводник и немагнетичен. Поради овие својства посебно се користи во матичните плочи. Неодамна е класифициран како канцероген бидејќи предизвикува рак на плуќата.

Неправилно третирање на овој отпад изложени сме на многу ризици како што се: силни и ненадејни експлозии, труење, трајно оштетување на органите, инвалидност и смрт. Постои уште една опасност која е полоша од сите претходни – отровите кои ги содржи електронскиот и електрчниот отпад штетно влијае на генетиката на луѓето што сериозно ги загрозува  наредните генерации.