Добродојдовте,

Друштвото за управување со отпад Нула Отпад cвоето дејствување како непрофитна организација во управување со специфичните текови на отпад го започна кон крајот на 2012 година и отогаш функционира исклучително активно и претставува поим за позитивни вредности во заштита на животната средина.

Нула Отпад ДОО Скопје е правен субјект кој претставува интегриран систем за колективно постапување со отпадни батерии и акумулатори со Дозвола бр. УП1-11/2-549/2017 од 2017 година и со отпадна електрична и електронска опрема со Дозвола бр. УП1-31-845/2 од 2018 година издадени од Министерство за животна средина и просторно планирање. Основан од производители и увозници Нула Отпад ги исполнува во целост сите законски барања за формирање и функционирање на ваков систем.

Исполнување на целите и обврските кои произлегуваат од законските обврски за специфичните текови на отпад , Нула Отпад ДОО Скопје ги превзима во име на “производителите ”, преку склучување на посебен договор за преземање на обврски за постапување со ОБА и ОЕЕО во нивно име и за нивна сметка.

Во системот на НУЛА ОТПАД се вклучени над 200 компании, бројот континуирано се зголемува со вклучување на општествено одговорни компании.

Спроведувње на концептот “zero waste” (нула отпад) и да се биде општествено одговорен, но и да се остане општествено одговорен е позиција која обврзува и во таа насока се темелат стратегиите за деловна оријентација на друштвото .

 

Партнери на природата и средината во која живееме. Посветени на клиентите и средината во која работиме.