• Батерија или акумулатор е секој извор на електрична енергија создадена со директно претворање на хемиска енергија, кој содржи една или повеќе примарни батериски ќелии (кои не можат повторно да се полнат), или содржи една или повеќе секундарни батериски ќелии (кои можат повторно да се полнат);
  • Преносни батерија или акумулатор е секоја батерија, батерија во форма на копче,батериско пакување или акумулатор кои:

а) се запечатени;

б) можат да се носат во рака и

в) не се индустриски батерии, ниту индустриски акумулатори ниту пак,   автомобилски батерии или акумулатори;

  • Батерија во форма на копче е секоја мала кружна преносна батерија или акумулатор, чиј пречник е поголем од нејзината висина и која се користи за посебни намени како, на пример, за апарати за слушање, часовници, мала пренослива опрема и за резервна енергија;
  • Автомобилска батерија или акумулатор е секоја батерија или акумулатор која се користи како уред за стартување и осветлување на автомобилот;
  • Индустриска батерија или индустриски акумулатор е секоја батерија или акумулатор исклучително наменет за индустриско или за професионално користење, или се користи во кој било вид електрично возило;
  • Отпадна батерија или акумулатор е секоја батерија или акумулатор кои се опфатени и се сметаат за отпад со дефиницијата за отпад согласно со Законот за управување со отпад.