КЛАСИФИКАЦИЈА СОГЛАСНО ЗАКОНОТ ЗА ПОСТАПУВАЊЕ СО БАТЕРИИ И АКУМУЛАТОРИ И ОТПАДНИ БАТЕРИИ И АКУМУЛАТОРИ
  • „Батерија или акумулатор“е секој извор на електрична енергија создадена со директно претворање на хемиска енергија, кој содржи една или повеќе примарни батериски ќелии (кои не можат повторно да се полнат), или содржи една или повеќе секундарни батериски ќелии (кои можат повторно да се полнат);
  • „Преносни батерија или акумулатор“е секоја батерија, батерија во форма на копче,батериско пакување или акумулатор кои:

а) се запечатени;

б) можат да се носат во рака и

в) не се индустриски батерии, ниту индустриски акумулатори ниту пак,   автомобилски батерии или акумулатори;

  • „Батерија во форма на копче“е секоја мала кружна преносна батерија или акумулатор, чиј пречник е поголем од нејзината висина и која се користи за посебни намени како, на пример, за апарати за слушање, часовници, мала пренослива опрема и за резервна енергија;
  • „Автомобилска батерија или акумулатор“е секоја батерија или акумулатор која се користи како уред за стартување и осветлување на автомобилот;
  • „Индустриска батерија или индустриски акумулатор“е секоја батерија или акумулатор исклучително наменет за индустриско или за професионално користење, или се користи во кој било вид електрично возило;
  • „Отпадна батерија или акумулатор“е секоја батерија или акумулатор кои се опфатени и се сметаат за отпад со дефиницијата за отпад согласно со Законот за управување со отпад.
Колективно Постапување со отпадни батерии и акумулатори согласно законот за управување со батерии и акумулатори и отпадни батерии и акумулатори

„Економски оператор“ е правно или физичко лице кое може при вршењето насвојата дејност при управувањето со батерии и акумулатори да биде производител,трговец, поседувач, собирач, или правно или физичко лице кој врши рециклирање или преработка на отпадни батерии и акумулатори.

Економски оператори поврзани со управувањето на отпадните батерии и акумулатори се:

а) „производител“ е правно или физичко лице, кое пушта на пазар, за прв пат во

Република Македонија, батерии или акумулатори, вклучувајќи и такви кои се вградени во уреди или во возила, како своја дејност, без оглед на продажната техника која се користи, вклучувајќи и продажба со далечинско комуницирање (пат на телефон, стандардно писмо, е-меил, телешопинг, брошура, каталог итн.), како производител се смета и правното или физичко лице кое увезува батерии и акумулатори за своја потреба без посредник;

б) „трговец“ е правно или физичко лице кое обезбедува снабдување на батерии и акумулатори за краен корисник, како своја дејност;

в) „поседувач„ е правно или физичко лице кое со вршењето на својата дејност

постојано или привремено создава и/или поседува отпадни батерии и акумулатори (како на пример трговец, сервиси, сервиси за возила, механичарски работилнци, сервиси на електрична и електронска опрема и слично). Како поседувач, во смисла на овој закон, не се сметаат граѓаните или домаќинствата;

г) „краен корисник“ е потрошувач кој како правно или физичко лице, поради крајна

употреба или користење на друг производ, при вршењето на својата дејност, користи

батерии и акумулатори и на тој начин по нивното истрошување создава отпадни батерии и акумулатори во своите простории и/или во уредите кои тој ги има во владение. Како краен корисник ќе се смета поседувачот или трговецот кој заради свои потреби увезол батерии и акумулатори без посредник;

д) „мал производител“ е правно или физичко лице кое пушта на пазар во Република

Македонија батерии и акумулатори во количини не поголеми од оние утврдени во членот 20 од овој закон;

ѓ) „колективен постапувач со отпадни батерии и акумулатори“ е правно лице кое има добиено дозвола за постапување со отпадни батерии и акумулатори согласно со членот 22 од овој закон

КАДЕ МОЖЕТЕ ДА ГИ ОСТАВИТЕ ВАШИТЕ ОТПАДНИ БАТЕРИИ И АКУМУЛАТОРИ

Батериите и акумулаторите се собираат посебно од комуналниот и од другите типови на отпад. Поради нивниот хемиски состав, односно тешките метали кои ги имаат во нивниот состав, тие се класифицираат како опасен отпад кој претставува големо оптоварување врз животната средина. Тие исто така содржат и вредни метали кои можат да се издвојат и повторно да се користат. Во споредба со малите батерии, автомобилските батерии (акумулаторите) имаат малку подолг животен век, но на крајот тие исто така стануваат отпад.

Доколку имате отпадни батерии и акумулатори, истите можете да ги оставите во посебни садови за отпадни батерии и акумулатори на НУЛА ОТПАД кои можат да се најдат во објектите на:

  • Нептун Стадион
  • Нептун Аеродром
  • Макпетрол бензинска пумпа – Козле
  • Макпетрол бензинска пумпа – Индустриска
  • Макпетрол бензинска пумпа – Партизанска
  • Макпетрол бензинска пумпа – Лисиче
  • Макпетрол бензинска пумпа – Ново Лисиче
  • Макпетрол бензинска пумпа – Козле
  • Макпетрол деловна зграда (дирекција)
  • Тинекс Маркети
  • Рамстор
  • Скопје Сити Мал
  • Керфур
  • Кам Маркети
  • Веро
  • Рептил Маркети (сите маркети)
  • Акус Медикус (слушни апарати)
  • Аудио БМ-МК (слушни апарати)
  • Аудитива (слушни апарати)
  • Слух 1(слушни апарати)
  • Мида Гранд Моторс
  • Општина Дојран
  • ОУ Љубен Лапе
  • ОУ Блаже Коневски
  • ОУ Браќа Миладиновци
  • ОУ Горѓија Пулевски
  • ОУ Гоце Делчев
  • ОУ Димитар Македонски
  • ОУ Лазо Ангеловски
ЗАКОН ЗА УПРАВУВАЊЕ СО БАТЕРИИ И АКУМУЛАТОРИ И ОТПАДНИ БАТЕРИИ И АКУМУЛАТОРИ

https://www.nulaotpad.com.mk/wp-content/uploads/2020/08/ZAKON-ZA-BATERII-I-AKUMULATORI.pdf