Електричниот и електронскиот отпад и отпадните батерии имаат карактер на опасен отпад и според законот за управување со отпад не смее да се меша со други типови на отпад.

Овој вид на отпад содржи отровни и многу често канцерогени супстанци , па поради тоа е опасен за човековото здравје, животната средина и нашата планета.

Најголема закана за загадување на водите е живата, која може лесно да се акумулира во живите организими преку синџирот на исхрана, а најмногу преку рибите. Тоа може да предизвика оштетување на различни органи, вклучувајќи ги бубрезите и мозокот.

Преголема изложеност на оловото предизвикува оштетување на централниот и периферниот нервен систем, кардиоваскуларниот систем, бубрезите и репродуктивните органи.

Не можеме работите да ги фрлиме толку далеку а да не ни се вратат. Ќе се вратат преку загадениот воздух, загадената почва и загадената вода преполни со метали кои потекнуваат од неправилно отстранет, депониран и неправило третиран електричен и електронски отпад.

Законот предвидува прекршочна санкција за физички лица, глоба од 60 евра во денарска противредност доколку се затекне да се остава отпадна електрична опрема од домаќинствата како несортиран комунален отпад.