Отпадот претставува голем проблем за многу локални самоуправи. Со правилна стратегија и имплементација, како и со постојана обука и подигање на свеста на граѓаните за значењето на рециклирањето и управувањето со опасниот отпад може да се овозможи понатамошен раст и развој на локалната заедница и на тој начин да се допринесе за подобри услови на живот на населението во тие општини. 

Градоначалникот на општината, градоначалникот на општините во градот Скопје и градоначалникот на градот Скопје, се должни да организираат одделно собирање на отпадната опрема, да овластат собирач на отпадна опрема од домаќинствата, како и да определат и да организираат места, односно локации за одделно собирање на отпадна опрема од домаќинствата во соработка со овластениот собирач, во собирни центри на целото подрачјето на општината, општината во градот Скопје и градот Скопје, каде што крајните корисници ќе можат отпадната опрема од домаќинствата бесплатно да ја предаваат.

 При определување на местата и локациите на собирните центри треба да се земе предвид бројот на жителите во населеното место, при што треба да се обезбеди најмалку еден собирен центар на ниво на општина, односно најмалку по еден собирен центар за 30.000 жители.

Нула Отпад преку континуирана работа има реализирано соработка со преку 20 општини и јавни комунални претпријатија на територијата на државата при изготвување на локалните програми и акти за управување со отпад и заеднички проекти за зголемување на локалните капацитети за собирање, селекција и постапување со отпадните батерии и акумулатори и електронскиот отпад на територијата на Општините.