Децата се директно засегнати и загрозени од загадувањето на животната средина и, за жал, тоа го осознаваат уште многу мали. Од училишните клупи и градинките се вклучуваат во екопроекти и активности со намера и тие да придонесат за некаква промена за подобро утре. Нивното неуморно учество во голем број еколошки активности, придонесува своите нови знаења и навики да им ги пренесат на своите родители и блиски. Така, децата стануваат нивни учители и заеднички можат натаму да истражуваат, но и да ги применуваат убавите навики и однесувањето кон животната средина. Затоа добро е што, преку разни екопроекти од градинките и училишните клупи, знаењето и навиките се пренесуваат во домот, а од домот и во општеството.

Во таа насока Нула Отпад во соработка на Општина Велес организираше едукативна кампања за правилна селекција на електронскиот отпад и постапување со истиот како и воспоставување на систем за управување на батериите во корпа за рециклирање на територијата на општината. На тој начин се превземаа правилни чекори во унапредување на едукацијата на децата и подигање на свеста на населението за заштитата на животната средина.

Директорот на Нула Отпад Г-дин Марјанчо Дамески ги награди најдобрите мали екологисти за 2020 година. Добитници на награди беа ООУ „Рајко Жинзифов“ од Долно Оризари, прво место,  второпрогласено беше ООУ „Блаже Конески“ и трето место ОЈУ Детска градинка „Димче Мирчев“.

 Наградените добија ласерски печатачи.

Видливи резултати од едукациите и акциите на Нула Отпад во соработка со општина Велес!

Здрава животна средина низ конкретно делување, зголемена свесност, но и совесност во однесувањето кон сé она што не опкружува, се само дел од чекорите кои обезбедуваат еколошки чиста и здрава средина.

Leave Comment