Како на забавен, креативен и едукативен начин да добиеш лаптоп?Еко предизвик и можност да освоиш .Изработи плакат на тема: „Да ја заштитиме планетата од опасниот отпад – отпадните батерии и електронскиот отпад. Рециклирањето е важно и неопходно!” и испрати видео порака.Потребно е да ги заследите фан/страните на Нула Отпад Фејсбук и Инстаграм.Плакатот да не е помал од А4 формат.Користи комбинирана ликовна техника или сé што може на креативен начин да се искористи и го имаш на располагање во твојот дом: хамер, лист од блок, голем лист од тетратка А4, колажна хартија, часописи, новинска хартија, ножички, хартија за подлога, лепило, фломастери, дрвени боици, темперни бои, четки… и многу креативност и еко желба.Помошта од родителите е повеќе од добредојдена.Направи видео презентација, кусо видео на изработениот плакат не подолга од три минути. Пренеси моќна порака за новата планета и новото време!Испратете го видеото со Ваши податоци, име, презиме и возраст со задолжителна согласност од родител/старател на следниот e-mail: info@nulaotpad.com.mk.Лобирајте кај Вашите пријатели да гласаат преку споделување и лајкување на твојата видео порака.Предизвикани сте! Бидете и Вие деца на новата планета и новото време