„Ние како Друштво за управување со отпадна електронска и електрична опрема и отпадни батерии и акумулатори, во склоп со нашата општествена одговорност водиме грижа за околината и токму затоа заедно со Техномаркет ги охрабруваме граѓаните да се вклучат директно во кампањата. На овој начин не само што и тие самите ќе бидат општествено одговорни за својата животна средина, туку ќе имаат и бенифит. Очекуваме и овој пат да се собере што поголема количина опасен отпад, и се придонесе за ефективна реализација на целокупната еко акција”, додаде Марјанчо Дамески, управител на Нула Отпад.
Акцијата за предавање на електронскиот и електричниот отпад ќе трае до 19ти јуни, а сите заинтересирани граѓани што сакаат да го остават својот електронски и електричен отпад и да добијат вредносни ваучери за купување нов, ќе можат тоа да го направат со пополнување на апликацијата за преземање на отпадот што можат да ја најдат во секој продажен објект на Техномаркет во Скопје, Струга, Велес, Струмица, Битола, Куманово, Охрид, или да ја симнат он-лајн на веб страната www.technomarket.com.mk и ја достават назад на eco@kik.com.mk.

Со почит,
Нула Отпад ДОО Скопје 

Leave Comment