Заедно со главните стратешки партнери Пивара Скопје, Пакомак и Нула Отпад, Мен енд Маунтен оваа година по​ четврти пат ја организираше GENERALKA WEEKEND, најголемата еколошка акција во Македонија и на Западен Балкан, во која беа собрани рекордни над 300 тони отпад. 

„Нашите партнери од приватниот сектор, поддржувачите во општините и институциите, училиштата, градинките, невладините организации, спортските и пензионерските клубови, месните и урбани заедници, националните паркови, специјалците и многу други организации со здружени сили и со неспоредлив чин на национална солидарност и пријателство над сите етнички и политички граници придонесоа во GENERALKA WEEKEND! Над 18.099 волонтери собраа 301,504 кг отпад на повеќе од 400 локации за време на GENERALKA WEEKEND помеѓу 15-19 мај 2024 година!“ велат Гордана Софија и Ханес Јекл од Мен енд Маунтен

“Генералка Викенд инспирира промени, повикува на заедништво за нешто што  е важно и во заеднички интерес на сите нас, а тоа е чист воздух, чиста почва и чиста вода. Да ги заштитиме од опасниот отпад, електронскиот отпад и отпадните батерии, да ја користиме правилно поставената инфраструктура од контејнери за ситен електронски отпад и садови за отпадни батерии во сите општини, и да ја повикаме Еко Линијата 070 236 000  како достапен и бесплатен сервис за сите граѓани за одлагање на непотребната електроника од прагот на нивниот дом/компанија. Се надеваме дека преку ваков ефикасен систем за управување со отпад работите кои можат да бидат рециклирани всушност и ќе бидат рециклирани, нема да завршат неславно на депонија и нема да го загрозуваат човековото здравје и квалитетот на животната средина “ – изјави Г-дин Марјанчо Дамески управител на Друштвото за управување со отпад Нула Отпад Скопје. 

Официјалните резултати на GENERALKA WEEKEND 2024 се: 

Вкупен број на волонтери: 18.099 

Собран отпад по категории: 

  • Пластика: 9.893 кг 
  • Хартија: 11.063 кг 
  • Стакло: 1.562 кг 
  • Мешан отпад: 95.017 кг 
  • Електронски отпад: 2.720 кг 
  • Кабаст отпад: 5.188 кг 
  • Друг вид отпад: 176.061 кг 

Вкупно собран отпад: 301,504 кг 

Врз основа на меморандумот меѓу Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Национални шуми и Мен енд Маунтен, Владата на нашата земја ќе посвети по 1 дрво на секои 10 килограми на собраниот отпад за време на GENERALKA WEEKEND во рамки на нивните годишни планови за пошумување се до 2031 година. До денес се пошумени повеќе од 100.000 дрвја благодарение на заложбата на народот на Македонија. 

Реализацијата на GENERALKA WEEKEND се должи и благодарение на поддршката од Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за одбрана и Министерството за внатрешни работи, кои придонесуваат во оваа акција уште од 2021 година.  

Како и во последните години, Шпаркасе Банка и Нула Отпад се официјални партнери на акцијата, а годинава им се придружија и Макстил, Бучим Боров Дол, ЕВН, Бимилк и Костал. И повторно како и досега Црвен крст се погрижи за безбедноста на сите учесници на GENERALKA WEEKEND 24. 

Leave Comment