Како да се ослободите од непотребната електроника?

Kако на лесен и безбеден начин физичките и правните лица да се ослободат од електронскиот отпад и отпадните батерии и акумултори кои ги поседуваат. Зошто не смееме овој отпад да го мешаме со останатиот отпад и зошто е важно рециклирањето за сите нас? Какви резултати се постигнуваат со еколошка едукација на најмладите и какви се соработките со општините и јавните комунални претпријатија?

ТВ магзинот ЕКОБАЛАНС на Македонската Телевизија  се емитува секоја сабота во 11.55 часот , единствениот и најдобар тв магaзин за екологија и заштита на природната средина. Со секогаш интересни содржини, новитети и несекојдневни теми ТВ магазинот допринесува во подигнувањето на нивото на еколошка култура и свест за заштита на животната средина кај населението.

Овој пат гостин Билјана Костадинова, маркетинг и едукатор во Нула Отпад.

Голем дел од грешките кои ги прави човекот кон природата, дел се заради неинформираност, дел заради неговото несовесно однесување.

Преку медиумите поблиску до граѓаните и чиста животна средина.

Информираме како на лесен и безбеден начин физичките и правните лица да се ослободат од електронскиот отпад и отпадните батерии и акумултори кои ги поседуваат. Што со стариот фрижидер, телевизор или лаптоп? Зошто не смееме овој отпад да го мешаме со останатиот отпад и зошто е важно рециклирањето за сите нас? Какви резултати се постигнуваат со еколошка едукација на најмладите и какви се соработките со општините и јавните комунални претпријатија? – ова се само дел од прашањата за кои јавноста беше информирана преку интервјуто кое заради пандемијата се реализираше на отворено, во природа,во паркот во Градскиот Трговски Центар.

Leave Comment