Секојдневните активности и залагања на Нула Отпад во сите општини во државата во насока на организација на системот за собирање и рециклирање на што поголема количина отпадна електронска и електрична опрема и отпадни батерии и акумулатори  во континуитет дава посакувани резултати во однос на подигнување на јавната свест за селекција и рециклирање на опасниот отпад.

Нула Отпад активен и во проектот “ Гази Баба се грижи, месец на хуманост” .

Проектот предвидува здружување и заеднички акции на повеќе од 20 здруженија на граѓани и организации во различни области со следниве цели:

-собирање на храна и  облека

-собирање на отпад од пластика, стакло, хартија

-собирање на електричен и електронски отпад

-како и чистење и уредување на јавни површини.

Грижата за здрава и чиста животна средина е приоритет на општина Гази Баба. Во насока на остварување на оваа цел Нула Отпад во соработка со општината  воспостави организиран систем за собирање на отпадна електрична и електронска опрема, кој што во континуитет ќе се спроведува во урбаните заедници и ќе придонесе кон:

  • намалување на опасниот отпад на улиците, дивите депонии и во контејнерите;
    • подигнување на јавната свест за опасниот отпад и потребата од негово организирано собирање и рециклирање, сé со цел заштита на животната средина и здравјето на луѓето.

Со информативен пулт Нула Отпад беше достапен на граѓаните за информирање и укажување на неоходноста од селекција и рециклирање на овој посебен тип на отпад и воедно беше овозможена дистрибуција на информативен флаер во тираж од 10 000 примероци до секој дом во урбаниот дел на општината.

Преку информативните флаери Нула Отпад внесе еко култура во секој дом, укажувајќи на опасностите од несоодветно тертирање на овој вид на отпад како и можноста преку еко линијата граѓаните со едноставно јавување на бесплатен, безбеден и сигурен начин  да ги исчистат своите домови од непотребната електроника.

Станува збор за придвижување на  поголема акција, организирано собирање на негабаритен и габаритен електронски отпад од домовите на граѓаните. Електричниот и електронскиот отпад (телевизори, машини за перење, бојлери и мали уреди за домаќинство) граѓаните имаа можност преку еко линијата да ги пријават и бесплатно да се ослободат од нив на начин кој не ја загрозува животната околина и човековото здравје.

Информативни постери за акцијата беа поставени и во 11 основни училишта и две централни детски градинки со вкупно 11 објекти и воедно воспоставена инфраструктура за садови за батерии со можност за организација на едукации и еколошки акции со почетокот на учебната година.

Позиционирање на еколошко однесување и обврска за задолжителна рециклажа е сериозен елемент на деловниот имиџ и углед на секоја општествено одговорна општина, додека правото на чиста и здрава животна средина е фундаментално граѓанско право и претставува услов за подобро здравје, поквалитетен и подолг живот. Секој жител има обврска да го штити, чува и унапредува екосистемот во кој што живее.

Leave Comment