Денот на батеријата е неофицијален празник кој се слави на 18 февруари и се користи за да се оддаде почит на малиот извор на енергија што ни го олеснува животот.

Децата од ООУ ,,Ѓорѓија Пулевски” од општина Аеродром под менторство на наставникот по ликовно образование Наташа Станковска Зафировска  преку различни ликовни техники на креативен начин упатија порака за селекција на опасниот отпад.

Еко изложбата е дел од активностите од Еразмус програмата и интернационалниот проект “Dont waste, Save, The Earth is Yours” под раководство на м-р Ана Петровска во соработка на Нула Отпад.

Батериите можеби не се најфасцинантните или најинтересните уреди во светот, но без нив нашите животи би биле многу различни. Батериите буквално го трансформираа светот и му овозможија на модерното општество да биде безжично, какво што е и денес.

Со зголемениот број на произведени батерии се зголемува и одговорноста за огромното количество батерии што се отфрлаат од употреба.

https://www.facebook.com/nulaotpad/videos/184019963088588

Leave Comment