Нула Отпад во Студио 10 на ТВ24 на едночасовна дискусија на тема: “Безбедни практики во отстранување на е-отпад”.

Што се случува со негово мешање со останатиот комунален отпад, каде завршуваат високо токсични елементи како жива, олово, литиум и кадмиум и која е штетата за животната средина и човековото здравје?

Ѓубре е само она што ќе дозволиме да заврши како ѓубре, се друго е ресурс.

Проблемот е што разни марткетинг кампањи и социјално искривени вредности не повикуваат да купуваме уште повеќе, трошиме повеќе и трупаме материјали кои набрзо стануваат отпад, а за кои се потрошени значајни природни ресурси.

Менуваме мобилни телефони на 2-3 години, купуваме се поголеми тв уреди на 5-7 години, бела техника на 7-10 години, дури и производите кои ги купуваме се дизајнирани да не можат да се поправат или поправката чини повеќе од купување на нов производ.

Што со стариот фрижидер полн со озон кој ја уништува озонската обвивка, со батериите кои тешко се рециклираат, завршуваат на депонија а трошат ретки метали? Дали е сето тоа одржливо и каде не води сето тоа?

Информирање на граѓаните за неопходноста од одвоено собирање на старите батерии со едноставно решение да  ги собираме  во некој мал сад, пластичен или стаклен и штом го наполниме да ги однесеме во садовите за батерии поставени од Нула Отпад.

Граѓаните можат да ги најдат во сите поголеми маркети, молови, училишта, градинки, општински згради, институции на град Скопје, компании – Нула Отпад постојано ја проширува инфраструктурата од поставеност на садови за батерии.

Достапност на еко линијата 070 236 000 за бесплатно, безбедно и лесно преземање на електронскиот отпад од домовите на граѓаните и компаниите.

Leave Comment