Нула Отпад го организира системот на собирање на електрична и електронска отпадна опрема и соработува со лиценцирани рециклатори кои нудат услуга за безбедно и трајно бришење на податоци од рутери (Routers), Back Up ленти, хард дискови (Hard Drive) IDE, SATA, SCSI и SAS, без можност за било какво враќање, со доверливост на Вашите податоци на највисоко можно ниво.
По извршено преземање од страна на лиценцирани транспортни компании и потврда од клиентот сите податоци трајно се бришат.
Се работи по следниве стандарди: NIST 800-88 Purge Secure Erase, IST 800-88 Purge,US DoD 5220.22-M, US DoD 5200.22-M (ECE), US DoD 5200.28-STD, NATO Standard, B. Schneier’s Algorithm.
За поголема сигурност на уништување на податоците организираме и физичко уништување на хард дискови.
Се користи најдобрата достапна техника за рециклажа на сите типови на електронски и електричен отпад (ЕЕ отпад) и нивно одстранување, на сигурен, ефикасен и општествено одговорен начин.
За повеќе информации Еко Линија 070236000.