Во насока на јакнење на јавната свест за заштита на природата и здравјето на луѓето, НУЛА ОТПАД во соработка со Капитол мол и Општина Аеродром поттикнуваат иницијатива за изработка на маски од електричен отпад кои ќе бидат презентирaни во форма на дигитална кампања на фејсбук официјалната страна на Капитол Mол под името Е-КАПИТОЛИЈАДА.

Во Изборот на најдобра еко маска право на учество имаат сите деца од Општина Аеродром, вклучувајќи ги сите градинки и училишта (основно образование,1-9 одделение).

Учесниците во Изборот на најдобра еко маска  ќе имаат за задача да изработат индивидуална или групна креативна маска во која ќе имаат вклучено најмалку 3 стари и неисправни електронски и електрични уреди и стари и потрошени батерии.

Фотографија од направената еко маска треба да се испрати во директна порака на фејсбук профилот на Капитол Мол, заедно со уредно пополнета и потпишана пријава од родител/старател најдоцна до петок 29.03.2024год. до 12 часот.

Главната награда од стручно жири за индивидуална маска ја обезбедува партнерот на проектот Амбасада на Република Словенија – велосипед, втората награда за индивидуална маска од стручно жири –  таблет и наградата за најлајкувана маска – звучник количка ги обезбедува Нула Отпад, наградата за групна маска категорија градинка – пакет производи ја обезбедува Офис Плус, и наградата за групна маска категорија училиште – печатач,  ја обезбедува Анхоч.

За категоријата најлајкувана маска важечки ќе бидат гласовите од објавата на фотографијата до 29.03.2024г. – 12 часот.

Добитниците на наградите ќе бидат  официјално објавени на 01.04.2024год кога ќе се одржи и ревијалниот дел насловен како Еко Парада на бината во Капитол Мол.

Кампањата е дел од низа на цели кои треба да се исполнат во општеството и заедницата и со тоа да се постават темелите на раст и развој и чиста и здрава животна средина за сите.

Leave Comment