Децата од Општина Аеродром, нашите еко амбасадори, успешно го реформулираа значењето и функцијата на електронскиот отпад, креирајќи уникатни маски од она во кое повеќето од нас гледаме само отпад.
Креативни, забавни активности со порака за селекција, реупотреба и рециклирање на електронскиот отпад и отпадните батерии.
За најдобрите две маски од стручно жири и за најлајкуваната маска на социјалните мрежи на Capitol Mall & Residence , Нула Отпад обезбеди подароци, додека сите деца кои учествуваа добија благодарници за учество.
Преку креативни проекти ја интезивираме вклученоста на граѓаните и институциите во процесите на заштита на животната средина, селекција, реупотреба и рециклирање на опасниот отпад.