• Видови на електронска и електрична опрема

Со почитување на законските одредби , ЕЕ отпад се категоризира во 6 категории:

Категорија 1
Опрема за температурна размена
(фрижидери, замрзнувачи, клима уреди, топлински пумпи)

Во категорија 1 не спаѓа: Опрема за вентилација (на пр. вентилатор, вентилатор за топол воздух, вентилаторски калеми итн.), инфрацрвена опрема, или радијатори на вода и воопшто целата опрема која користи вода без адитиви или ладилни средства за температурна размена.

Категорија 2
Екрани, монитори и опрема која има екрани со површина поголема од 100 cm2
(Екрани, телевизори, ЛЦД рамки за фотографии, монитори, лаптопи, преносни компјутери, таблети, е-книги-/е-читачи)

Во категорија 2 не спаѓа:

  • Мала ИКТ опрема, како што се мобилни телефони (паметни телефони,
    таблети итн.), GPS и опрема за навигација, џебни калкулатори, телефони
    итн. (како Е-опрема се распределени во категоријата 6.
  • Е-опрема што може да содржи екрани со површини поголеми од 100
    cm2, како на пр. некои фрижидери, банкомати, опрема за нега на тело,
    индустриски машини, медицински помагала, принтери, фотокопир итн.

Категорија 3
Светилки
(Рамни флуоресцентни светилки, компактни флуоресцентни светилки, флуоресцентни светилки, светилки со висок интензитет на празнење светилки – вклучувајќи натриумови светилки под притисок и метал халидни светилки, натриумови светилки со низок притисок, LED светилки).

Во категорија 3 не спаѓа:
Апарат кој ја дистрибуира, филтрира или трансформира светлината пренесена од една или повеќе светилки и кој ги вклучува сите делови потребни за поддршка, фиксирање и заштита на светилките, каде што е потребно, помошни електрични кола заедно со средствата за поврзување до електричното напојување. Светилките се распределени во категоријата 4 или 5. Светилките со интегрирани извори на светлина (што не може да се отстрани без да се оштети единицата) се сметаат како осветлувачки тела.

Категорија 4
Голема опрема (секоја опрема кај којашто некоја надворешна димензија е поголема од 50 cm).

(апарати за домаќинство, информатичко комуникациска технологија и телекомуникациска опрема, опрема за потрошувачи, опрема за осветлување, опрема што репродуцира звук или слики, музичка опрема, електрични и електронски алати, играчки, опрема за спорт и рекреација, медицински уреди, инструменти за следење и контрола, автоматски диспанзери, опрема за производство на електрични струи, фотоволтаични панели). Оваа категорија не ја опфаќа опремата вклучена во Категориите од 1, 2 и 3.

Категорија 5
Мала опрема (секоја опрема кај којашто ниту една надворешна димензија не е поголема од 50 cm)

(мали домашни апарати, опрема за потрошувачи, опрема за осветлување, опрема што репродуцира звук или слики, музичка опрема, електрични и електронски алатки, играчки, опрема за спорт и рекреација, медицински уреди, инструменти за следење и контрола, автоматски диспанзери, опрема за производство на електрични струи). Оваа категорија не опфаќа опрема вклучена во Категориите од 1,2,3 и 6.)

Во категорија 5 не спаѓа:
Малата ИКТ опрема со надворешна димензија помала од 50 cm (мобилни телефони како на пр. паметни телефони, таблети итн.), рутери, печатачи, GPS и опрема за навигација итн.) е распределена во категоријата 6.

Категорија 6
Мала информатичко-комиуникациска технологија и телекомуникациска опрема (секоја опрема кај којашто ниту една надворешна димензија не треба да е поголема од 50 cm).

(Мобилни телефони (паметни телефони, таблети итн.), GPS и опрема за навигација, џебни калкулатори, рутери, персонални компјутери, принтери, телефони.)

Во оваа категорија не спаѓа: Мала опрема која не е ИТ и телекомуникациска опрема (на пр. mp плеери итн.), голема ИТ опрема (големи принтери) и ИТ опрема со екрани поголема од 100 cm2 (лаптопи, таблети, eBook-/e-Readers итн.) кои се во категоријата 2.