Нула Отпад како општествено одговорна компанија, заедно со своите членови, интензивно работи на организирање на системот за управување со отпад од електрична и електронска опрема и отпадни батерии и акумулатори, информирање на крајните корисници за потребата од одделно собирање на отпадот, организирање на собирни центри, превземање на низа активности за укажување на потребата од преработка, реупотреба и/или рециклирање на отпадната електрична и електронска опрема и отпадни батерии и акумулатори.

Нула Отпад како лиценциран колективен постапувач за компаниите кои се дел од колективниот систем како негови Членки овозможува:

-Високо професионални услуги во поглед на преземање и исполнување на нивните обврски како производители преку собирање, третман и рециклирање на електрична и електронска опрема и отпадни батерии и акумулатори и обезбедување на документацијата која ја налага законот за правилен третман за постапување со овие посебни текови на отпад;

-Подигање на јавната свест за еколошко управување со отпадна електрична и електронска опрема и отпадни батерии и акумулатори во име и за сметка на своите Членки;

– Организирање на обуки, средби, советодавна и техничка помош за членките од страна на стручниот тим на Нула Отпад. во делот на законодавството од областа на управување со посебните текови на отпад и заштита на животна средина.

Сите активности на Нула Отпад се во насока на постигнување на Националните цели за преработка и повторна употреба на отпадната електрична и електронска опрема и отпадните батерии и акумулатори и намалување на можните негативни влијанија и последици врз здравјето на луѓето и животната средина.

За да станете член на Нула Отпад треба да сте регистрирани како производител на батерии и акумулатори и/или електрична и електронска опрема во Министерството за животна средина и просторно планирање. Доколку сеуште не сте регистрирани Барањето за регистрација може да го преземете тука (ОБА), тука (ОЕЕО)

Пополнете го онлајн формуларот за пристап во колективниот систем на Нула Отпад за ОБА/ОЕЕО:

Нашата компанија ќе Ве контактира за склучување на договор за постапување со ОБA/ОЕЕО.