“Краен корисник” е потрошувач кој поради крајна употреба или користење на друг производ, користи опрема и на тој начин, по нивното истрошување, создава отпадна опрема. Како краен корисник ќе се смета поседувачот или трговецот кој заради свои потреби увезол опрема без посредник.

Крајниот корисник е должен отпадната опрема од домаќинствата да ја собира, чува и да ја предаде на трговецот или на овластениот собирач, како издвоено собрана фракција на комунален отпад во собирен центар или во место за преземање чија работа ја обезбедува производителот.

Доколку отпадната опрема содржи супстанции и материјали кои треба пред расклопувањето на отпадната опрема да се издвојат, крајниот корисник е должен да обезбеди отпадната опрема да биде во таква состојба издвојувањето на тие супстанции и материјали да може да се спроведе во согласност со посебните прописи со кои се уредува постапувањето со тие супстанции и материјали.

Доколку отпадната опрема од домаќинствата е толку оштетена што, поради опасните супстанции содржани во неа, ја загрозува животната средина и здравјето на луѓето или е без значајни составни делови, или е загадена со друг вид отпад, крајниот корисник е должен да ја предаде во собирен центар, како издвоена фракција на комунален отпад.