Месец на хуманост општина Гази Баба

Секојдневните активности и залагања на Нула Отпад во сите општини во државата во насока на организација на системот за собирање и рециклирање на што поголема количина отпадна електронска и електрична опрема и отпадни батерии и акумулатори  во континуитет дава посакувани резултати во однос на подигнување на јавната свест за селекција и рециклирање на опасниот отпад.

Нула Отпад активен и во проектот “ Гази Баба се грижи, месец на хуманост” .

Проектот предвидува здружување и заеднички акции на повеќе од 20 здруженија на граѓани и организации во различни области со следниве цели:

-собирање на храна и  облека

-собирање на отпад од пластика, стакло, хартија

-собирање на електричен и електронски отпад

-како и чистење и уредување на јавни површини.

Грижата за здрава и чиста животна средина е приоритет на општина Гази Баба. Во насока на остварување на оваа цел Нула Отпад во соработка со општината  воспостави организиран систем за собирање на отпадна електрична и електронска опрема, кој што во континуитет ќе се спроведува во урбаните заедници и ќе придонесе кон:

  • намалување на опасниот отпад на улиците, дивите депонии и во контејнерите;
    • подигнување на јавната свест за опасниот отпад и потребата од негово организирано собирање и рециклирање, сé со цел заштита на животната средина и здравјето на луѓето.

Со информативен пулт Нула Отпад беше достапен на граѓаните за информирање и укажување на неоходноста од селекција и рециклирање на овој посебен тип на отпад и воедно беше овозможена дистрибуција на информативен флаер во тираж од 10 000 примероци до секој дом во урбаниот дел на општината.

Преку информативните флаери Нула Отпад внесе еко култура во секој дом, укажувајќи на опасностите од несоодветно тертирање на овој вид на отпад како и можноста преку еко линијата граѓаните со едноставно јавување на бесплатен, безбеден и сигурен начин  да ги исчистат своите домови од непотребната електроника.

Станува збор за придвижување на  поголема акција, организирано собирање на негабаритен и габаритен електронски отпад од домовите на граѓаните. Електричниот и електронскиот отпад (телевизори, машини за перење, бојлери и мали уреди за домаќинство) граѓаните имаа можност преку еко линијата да ги пријават и бесплатно да се ослободат од нив на начин кој не ја загрозува животната околина и човековото здравје.

Информативни постери за акцијата беа поставени и во 11 основни училишта и две централни детски градинки со вкупно 11 објекти и воедно воспоставена инфраструктура за садови за батерии со можност за организација на едукации и еколошки акции со почетокот на учебната година.

Позиционирање на еколошко однесување и обврска за задолжителна рециклажа е сериозен елемент на деловниот имиџ и углед на секоја општествено одговорна општина, додека правото на чиста и здрава животна средина е фундаментално граѓанско право и претставува услов за подобро здравје, поквалитетен и подолг живот. Секој жител има обврска да го штити, чува и унапредува екосистемот во кој што живее.

Месец на хуманост општина Гази Баба ноември 2020

Да ја заштитиме планетата од опасниот отпад

отпадните батерии и електронскиот отпад. Рециклирањето е важно и неопходно!”

Нула Отпад како лиценциран колективен постапувач за отпадни батерии и електронски отпад, постојано преку едукација гради генерации кои ќе знаат како да го чуваат, заштитат и унапредат еко-системот во кој живееме.

Овој пат, Нула Отпад преку дигитална едукативна кампања,  продолжува во својата едукативна мисија.

Безбедни во изолација со супер еко-едукација! Пренеси ја пораката на новата планета и новото време.

Ликовно-креативен предизвик за сите деца на предучилишна и училишна возраст.

Можност да се искористи слободното време на еден креативен и интересен начин, преку изработка на ПЛАКАТ, да се пренесе порака со визуелни елементи – ВИДЕО на ТЕМА:

„Да ја заштитиме планетата од опасниот отпад – отпадните батерии и електронскиот отпад. Рециклирањето е важно и неопходно!”

Сите пораки и видеа кои ги исполнуваат критериумите за учество и кои ќе пристигнат на е-маил адресата на Нула Отпад ќе бидат објавени на социјалните мрежи, а најдобрите 10 кои ќе привлечат најмногу внимание (лајкови) ќе добијат еко благодарница.

Доколку едукативната кампања е успешна, предизвикот прифатен и пристигнат минимум 20 видео пораки за креативниот предизвик, Нула Отпад, најмоќната еко-порака и видео според бројот на лајкови на социјалните мрежи ќе ја награди со главна награда лаптоп.

Повеќе за правилата за учество во креативниот предизвик во линкот подолу.

ПРАВИЛА ЗА УЧЕСТВО:

  • Потребно е да ги заследите фан/страните на Нула Отпад Фејсбук и Инстаграм.
  • Плакатот да не е помал од А4 формат.
  • Користи комбинирана ликовна техника или сé што може на креативен начин да се искористи и го имаш на располагање во твојот дом. Материјали кои може да ти бидат потребни:  хамер, колажна хартија, часописи, новинска хартија, ножички, хартија за подлога, лепило, фломастери, дрвени боици, темперни бои, четки, подлога за работа, две кантички за вода, крпче за бришење на четките и многу креативност и еко желба.
  • Помошта од родителите е повеќе од добредојдена.
  • Направи видео презентација на изработениот плакат не подолга од три минути. Пренеси моќна порака и направи промена!
  • Испратете го видеото со Ваши податоци, име, презиме и возраст со задолжителна согласност од родител/старател на следниот e-mail: info@nulaotpad.com.mk  или во порака на нашата фан страна. Видеата кои ги исполнуваат горе наведените критериуми ќе бидат  објавени на социјалните мрежи на Нула Отпад ( фејсбук и инстаграм) и ќе учествуваат во предизвикот за главната награда.
  • Со самото испраќање на видеото се согласувате со правилата за учество во креативниот предизвик и се согласувате истото да биде објавено и користено за едукативната кампања која ја реализира Нула Отпад.
  • Секое видео кое ги задоволува критериумите за учество ќе биде објавувано по редоследот како ќе стигне до нас.
  • Лобирајте кај Вашите пријатели да гласаат преку споделување и лајкување на твојата видео порака.
  • Еко благодарници за најдобрите 10  видеа кои ќе освојат најмногу лајкови (фејсбук +инстаграм).
  • И за крај награда лаптоп  за најинспиративното видео и плакат кое ќе добие најмногу лајкови (фејсбук + инстаграм) !

ВАЖНО: За предизвикот на главната награда да биде валиден, неопходно е да се пријават минимум 20 видеа и 20 учесници. Во спротивно ќе бидат доделени еко благодарници за сите учесници.

  • Предизвикот завршува 30.04.2020 год. во 12:00 часот.  Следниот ден ќе бидат објавени најлајкуваните 10 видеа.
  • Право на учество имаат сите деца на предучилишна и училишна возраст (основно образование)
  • Биди еко оратор, предвесник на новата планета и новото време! Пренеси моќна порака, и споделувај, нека те слушне целата планетааа!!!