Какви мисли, ставови и постапки има еден поединец за средината околу него во голема мера зависи од тоа какви навики развил во периодот на раното детство.

Според тоа, семејството е опкружување во кое детето минува повеќе време, присвојува социјални и когнитивни вештини, развива ставови, уверувања во чии рамки секој член влијае на останатите членови.

Паралелно со промовирањето на семејните вредности, важна е и еколошката култура како дел од општественото живеење.

Нула Отпад преку едукативно информативна статија таргетирано делуваше токму на младите семејства кои според направените истражувања се во голема мера корисници на современите технолошки иновации, најразлични електрични и електронски уреди кои технологијата направи да имаат краток век и кои по нивното застарување треба соодветно да се отстранат.

Доколку имаме постојани и достапни услуги за рециклирање, можеме да се осигураме дека работите кои можат да се рециклираат се всушност рециклирани.

Во насока на зачувување на здравјето на луѓето и животната средина, Нула Отпад ги охрабрува граѓаните и компаниите да ја користат Eко линијата 070 236 000 како бесплатен, безбеден и лесен начин за отстранување на непотребната електроника.

Leave Comment