Во врска со објавените текстови на прописите од областа на управувањето со посебните текови на отпад (Закон за проширена одговорност на производителот за управување со посебните текови на отпад, Закон за управување со пакување и отпад од пакување, Закон за управување со батерии и акумулатори и отпадни батерии и акумулатори, Закон за управување со електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електронска опрема и Закон за управување со дополнителни текови на отпад во системот за проширена одговорност на производителот), Стопанската комора на Македонија организира информативен настан на тема: „НОВИ ЗАКОНСКИ ПРОПИСИ ЗА ЕФИКАСЕН СИСТЕМ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ОТПАД.

Информативниот настан ќе се одржина 17 декември 2019 година (вторник), со почеток  во 13:00 часот, во Стопанската комора на Македонија, сала  4 на 5-ти кат.

Целта на настанот е да се информираат компаниите за пакетот на предлог закони за воспоставување на ефикасен систем од областа на управувањето со отпад и посебните текови на отпад, преку кои ќе се овозможи минимизирање на негативните влијанија на управувањето со отпадот врз човековото здравје и животната средина.

На настанот свое излагање ќе имаат: Ана Каранфилова Мазнева, раководител на сектор за отпад при Министерството за животна средина и просторно планирање во Владата на РСМ и претставник од секторот за правни и општи работи при Министерството за животна средина и просторно планирање во Владата на РСМ.

Пријава за присуство најдоцна до 16 декември 2019 година (понеделник).

Контакт: Ивана Крстевска, е-адреса: ivana@mchamber.mk, Tелефон: 3244-051;

Даниела Михајловска Василевска е-адреса: daniela@mchamber.mk, Tелефон: 3244-021;

Во прилог нацрт-текстови на законите изготвени од Министерството за животна средина и просторно планирање. Достава на определени коментари и забелешки по текстот на Предлог – законите,најдоцна до 20.12.2019 година (петок) со цел да бидат сублимирани во заеднички текст и доставени до Министерството за животна средина и просторно планирање:

Предлог закон за управување со батерии и акумулатори и отпадни батерии и акумулатори

Предлог закон за управување со пакување и отпад од пакување

Предлог закон за проширена одговорност на производителот за управување со посебните текови на отпад

Предлог закон за управување со дополнителни текови на отпад во системот за одговорност на производителите

Предлог закон за управување со електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електронска опрема

Leave Comment