По повод Меѓународниот ден на батеријата во девет објекти на градинката Димче Мирчев од Велес се реализираше десет дневна еко акција за собирање на отпадни батерии од домовите на децата насловена како “Ние сме зелени еко херои”.

Нула Отпад обезбеди детски информативни постери за селекција на отпадни батерии и мали садови за селекција за секое дете со информација за еко линијата. Претходно е поставена инфаструктура од големи садови за батерии во секој објект на градинката.

На денот на батеријата се реализираше Еко занимална под наслов “Селектирај отпадни батерии, избери чиста околина”.

Со едукација беа опфатени 200 деца од големата група.

Подготвивме мултимедујална дигитална сликовница адаптирана на развојното ниво на децата и преку креативни активности подготвени од воспитувачите и педагозите од градинката во соработка на едукаторите од Нула Отпад, децата  се запознаа со правилен начин на селекција и рециклирање на старите батерии од нивните играчки и нивниот дом.

https://www.facebook.com/nulaotpad/videos/1071903229994134

https://www.facebook.com/100000594216940/videos/pcb.4282047655158333/4282038698492562

https://www.facebook.com/gradinkaveles/videos/4279313598765072

Leave Comment