Еколошки кампањи за подигнување на јавната свест за селекција и рециклирање на електронскиот отпад

Поблиску до граѓаните и чиста и здрава околина.

Под мотото “ Jа чуваме иднината на нашите деца, ја разубавуваме сегашноста” и “Предади старо за да си купиш ново”, Нула Отпад  со општествено одговорни компании како Техномаркет и Меркур организира еколошка кампања за правилен третман на електричниот и електронскиот отпад и отпадните батерии и акумулатори од домаќинствата.

Оваа акција опфаќа бесплатно преземање на старите нефункционални електрични уреди од домовите на граѓаните од страна на Нула Отпад кои за возврат ќе добијат ВРЕДНОСЕН ВАУЧЕР кој ќе имаат можност да го искористат за купување на нов производ во продажните места на тие компании.

Кампањата е во согласност со Законот за управување со овој вид на отпад според кој истиот не смее да се меша со останатиот отпад.

Ваквите кампањи ги вклучуваат граѓаните во мисија за заштита на животната средина и подигнување на јавната свест, истовремено понудувајќи им извесен бенефит како стимулација да бидат дел од решението, а не од проблемот.

Македонско Радио – Радио 2 или само Радио 2 е втората програма на Македонското радио кое е во склоп на Македонската Радио Телевизија. Со новата програмска шема, радиото се трансформира и емитува претежно рекреативно-забавна програма, програма од информативен тип со повеќе музички емисии и музика. Втората програма на Македонското радио се слуша во цела Македонија.

Leave Comment