Последниве десет години сме сведоци на големи технолошки напредоци. Светот во кој живееме веќе не е ист. Се соочуваме со огромни промени,  дигитализацијата е дел од нашето секојдневие, постојано излегуваат нови уреди кои прават вистинска револиција во начинот на кој живееме и работиме.

Тука нужно се поставува прашањето што со целата таа стара, нефункционална и непотребна електроника од нашите домови и компании.

Еко линија за правилно одлагање на овој вид на отпад, како функционира, што им овозможува на граѓаните и компаниите? Каде завршува понатаму овој отпад? Што добиваме со рециклирање на електронскиот отпад? Еколошки акции со општествено одговорни компании, за пријавениот отпад граѓаните добиваат како стимулација вредносни ваучери кои можат да ги искористат за купување на нешто ново. За што станува збор, што добиваат граѓаните? Зошто е важно овој вид на отпад посебно да се селeктира, кои се опасностите по здравјето на луѓето и животната средина? – дел од прашањата на утринската програма со вклучување на гледачите и граѓаните во отворена дискусија со цел заштита на животната средина и подобра иднина за сите.

Leave Comment