Предмет :Соопштение за печат

До : Сите медиуми

Во соработка со лиценцираната непрофитна организација ,, Нула Отпад“, Општина Карпош ќе организира голема есенска еколошка акција за собирање на електронски и електричен отпад на  територијата на локалната самоуправа. По тој повод градоначалникот на Општината Стевчо Јакимовскидаде изјава за медиумите.

–             Заедно со оваа непрофитна организација, иницираме еко акција, со која граѓаните на Општина Карпош ќе може да се   ослободат од  непотребниот електронски отпад кој го чуваат во своите домаќинства. Се работи за најразличен елетричен и електронски отпад, како што се електричните шпорети, расипани компјутери, машини за перење, фрижидери итн.,  односно апарати кои се опасни по животната средина. Нашата цел е  истиот отпад,  да биде соодветно депониран, и да не претставува директен загрозувач на животната средина, и со тоа практично да придонесеме за зачувување на околината во нашата Општина, појасни првиот човек на Карпош, Стевчо Јакимовски.

Директорот на ,, Нула Отпад“ Марјанчо Дамевски, потенцираше дека оваа еко акција која ќе трае подолгорочно, во соработка со Општина Карпош ќе се одвива ударно три дена, односно на 28, 29 и 30  септември ( среда, четврток и петок) , каде што граѓаните од сите 14 урбани заедници кои се наоѓаат на територијата на Карпош, ќе можат да ги достават своите дотраени и неупотребливи електронски апарати.

–             Предметите кои се помали, односно се со помала зафатнина, граѓаните ќе можат да ги достават директно до секретарите на урбаните заедници, додека тие кои се потешки и поголеми, со наш   сопствен превоз , ќе бидат дислоцирани од домовите на граѓаните. Целта ни е сите граѓани  и тие кои се постари, односно кои не се во добра здравствена кондиција и не можат сами да ги достават, да можат да учествуваат во оваа акција, и да се ослободат од непотребните предмети. Со оваа акција придонесуваме за заштита на животната средина, овој пат во Општина Карпош, истакна Дамевски.

Одделение за односи со јавност

Општина Карпош

Leave Comment