Виртуелен саем за одбележување на Денот на Планетата Земја

(23.04.2020 – Скопје)

По повод Денот на Земјата, Американскиот Корнер организираше виртуелен саем на тема: Градење на одржлив животен стил.

Првпат Светскиот ден на планетата Земја е одбележан на 22 април 1970-та година во САД, а од 1992 година и во целиот свет. Денес го одбележуваат повеќе од 175 држави.

Целта на одбележувањето на „Денот на планетата Земја“ е да се подигне нивото на свесност кај нејзините жители за зачувување на животната средина, односно да укаже на загадувањето на воздухот и водата, радиоактивното зрачење и исцрпувањето на ненадоместливите енергенси.

На оваа тема се разменуваа информации на виртуелниот саем на кој учествуваше и Нула Отпад преку својот претставник Билјана Костадинова која говореше на темата “Градење на одржлив стил” .

По петминутното претставување на компанијата на секој од учесниците и нивните моментални проекти, во посебни виртуелни соби се дебатираше и се разменуваа интернационални искуства за подобро и порационално зачувување на ресурсите на Земјата, преку едноставни постапки на секој поединец, јавниот, приватниот сектор, училиштата и домовите.

Учесници на саемот и темите на кои зборуваа секој од претставниците:

-Колумбија, средношколска група за животната средина – Право на здрава животна средина

-Go green – Активизам за животна средина

-Нула Отпад – Градење на одржлив животен стил

-Fashion revolution – Одржлива мода

-TreeBanks – Зелени/еко работни места

-Challenger – Зелени/еко работни места

-Арно.Мк – Зелени /еко работни места

Пораката која се сподели се базира на податокот  да се инвестира во ефикасни и обновливи извори на енергија и да се намали загадувањето и да се забават климатските промени предизвикани од човекот.

Месец на хуманост општина Гази Баба

Секојдневните активности и залагања на Нула Отпад во сите општини во државата во насока на организација на системот за собирање и рециклирање на што поголема количина отпадна електронска и електрична опрема и отпадни батерии и акумулатори  во континуитет дава посакувани резултати во однос на подигнување на јавната свест за селекција и рециклирање на опасниот отпад.

Нула Отпад активен и во проектот “ Гази Баба се грижи, месец на хуманост” .

Проектот предвидува здружување и заеднички акции на повеќе од 20 здруженија на граѓани и организации во различни области со следниве цели:

-собирање на храна и  облека

-собирање на отпад од пластика, стакло, хартија

-собирање на електричен и електронски отпад

-како и чистење и уредување на јавни површини.

Грижата за здрава и чиста животна средина е приоритет на општина Гази Баба. Во насока на остварување на оваа цел Нула Отпад во соработка со општината  воспостави организиран систем за собирање на отпадна електрична и електронска опрема, кој што во континуитет ќе се спроведува во урбаните заедници и ќе придонесе кон:

  • намалување на опасниот отпад на улиците, дивите депонии и во контејнерите;
    • подигнување на јавната свест за опасниот отпад и потребата од негово организирано собирање и рециклирање, сé со цел заштита на животната средина и здравјето на луѓето.

Со информативен пулт Нула Отпад беше достапен на граѓаните за информирање и укажување на неоходноста од селекција и рециклирање на овој посебен тип на отпад и воедно беше овозможена дистрибуција на информативен флаер во тираж од 10 000 примероци до секој дом во урбаниот дел на општината.

Преку информативните флаери Нула Отпад внесе еко култура во секој дом, укажувајќи на опасностите од несоодветно тертирање на овој вид на отпад како и можноста преку еко линијата граѓаните со едноставно јавување на бесплатен, безбеден и сигурен начин  да ги исчистат своите домови од непотребната електроника.

Станува збор за придвижување на  поголема акција, организирано собирање на негабаритен и габаритен електронски отпад од домовите на граѓаните. Електричниот и електронскиот отпад (телевизори, машини за перење, бојлери и мали уреди за домаќинство) граѓаните имаа можност преку еко линијата да ги пријават и бесплатно да се ослободат од нив на начин кој не ја загрозува животната околина и човековото здравје.

Информативни постери за акцијата беа поставени и во 11 основни училишта и две централни детски градинки со вкупно 11 објекти и воедно воспоставена инфраструктура за садови за батерии со можност за организација на едукации и еколошки акции со почетокот на учебната година.

Позиционирање на еколошко однесување и обврска за задолжителна рециклажа е сериозен елемент на деловниот имиџ и углед на секоја општествено одговорна општина, додека правото на чиста и здрава животна средина е фундаментално граѓанско право и претставува услов за подобро здравје, поквалитетен и подолг живот. Секој жител има обврска да го штити, чува и унапредува екосистемот во кој што живее.

ПРЕДИЗВИКОТ ПРОДОЛЖУВА ЕКО ИСТРАЖУВАЧКИ ПРЕДИЗВИК СО ДЕЦАТА НА НОВАТА ПЛАНЕТА И НОВОТО ВРЕМЕ

Во услови на пандемија со Корона вирусот, Нула Отпад својата едукативна мисија ја продолжи преку дигитална едукативна кампања „Безбедни во изолација со супер еко едукација”.

Првиот предизвик помина со голем интерес и успех, внесе позитивни вредности во ова тешко време и даде значаен придонес во подигнување на јавната свест за селекција и рециклирање на е-отпад и отпадните батерии.

Заради големиот интерес и за жал  сеуште активната карантинска вонредна состојба, Нула Отпад одлучи да продолжи со својата дигитална едукативна кампања со втор еко истражувачки предизвик.

Овој пат во поддршка на Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерство за образование и наука, Делегација на Европска Унија и Македонската асоцијација за управување со цврст отпад.

Продолжуваме уште побројни, покреативни и погласни.

Придружи ни се, биди и ти дете на новата планета и новото време!

Еко истражувачки предизвик за сите деца на училишна возраст (1-9 одделение)

ТЕМА:

Батериите опасност или можност?

Со еко истражување до еко решение!

Прифати го предизвикот, биди еко истражувач и следи ги насоките на следнава истражувачка патека за да го пронајдеш најдоброто еко решение.

ПРАВИЛНИК ЗА УЧЕСТВО:

  • Потребно е да ги заследите фан/страните на Нула Отпад Фејсбук и Инстаграм.
  • Истражи каде има канти за батерии од Нула Отпад. Забележи што има во нив. Дали има само стари батерии или има и друг вид на отпад.Доколку си во можност документирај го тоа со фотографија и посочи што е правилно, а што не? Помошта од родителите е добродојдена.
  • Провери во твојот дом каде се имате батерии, за што најчесто Ви користат и истражи какви се батерии постојат.
  • Истражи зошто батериите се опасен отпад и што се случува кога ги фрламе со останатиот отпад?
  • Што се добива со рециклирање на батериите, како до еко решение?
  • Твоето еко истражувачко патешествие претстави го во куса видео презентација не подолга од три минути. Креативноста е уште еднаш во погон. Можеш да користиш снимки, фотографии, цртежи, факти, податоци, се што мислиш дека ќе те доведе до најдоброто еко решение.
  • Со пополнета пријава за учество и согласност од родител испрати го твоето видео на следната е-маил адреса: info@nulaotpad.com.mk
    ПРИЈАВА ЗА УЧЕСТВО
  • Со самото испраќање на видеото се согласувате  со правилата за учество во еко истражувачкиот предизвик и се согласувате истото да биде објавено и користено за едукативната кампања која ја реализира Нула Отпад.
  • Нула Отпад ги задржува авторските права на сите аудио-визуелни творби пријавени на еко истражувачкиот предизвик.
  • Сите видеа кои ги исполнуваат горенаведените критериуми ќе бидат објавени на социјалните мрежи на Нула Отпад и ќе учествуваат во предизвикот за главната награда.
  • Да ги споделуваме пораките од децата на новата планета и новото време. Нека ги слушнат сите за доброто на сите!
  • Доколку предизвикот е успешен и пристигнат минимум 20 видео пораки, стручно жири од областа на управување со отпад и заштита на животната средина, видеото со најдобра порака и еко решение ќе го награди со електричен тротинет.
  • Сите останати учесници чие видео ќе биде објавено ќе добијат ЕКО ДИПЛОМА за значен придонес во заштита на животната средина.
  • ВАЖНО: За предизвикот на главната награда да биде валиден, неопходно е да се пријават минимум 20 видеа и 20 учесници. Во спротивно ќе бидат доделени еко дипломи за сите учесници.
  • Рок за испраќање на видеата 15.07.2020 год. Прогласување и објава на најдоброто видео со најдобро еко решение и најдобра еко порака ќе се случи на ден 20.07.2020 година од страна на стручно жири од Нула Отпад и соработниците на кампањата.
  • Право на учество имаат сите деца на  училишна возраст (основно образование).

Биди еко истражувач, предвесник на новата планета и новото време! Пренеси моќна порака, и споделувај, нека те слушне целата планетааа!!!

…………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………….

SFIDA VAZHDON

SFIDA ЕKO KËRKIMORE ME FËMIJËT E PLANETIT TË RI DHE KOHËS SË RE  

Në kushte të  pandems me virusin Corona, Zero Mbeturina  vazhdoi misionin e saj edukativ përmes një fushate edukative digjitale “Të sigurt në izolim me super eko-edukim”.

Sfida e parë kaloi me shumë interes dhe sukses, prezantoi vlera pozitive në këtë kohë të vështirë dhe dha një kontribut të rëndësishëm në rritjen e ndërgjegjësimit të publikut për selektimin  dhe riciklimin  e  e-mbeturinave  dhe mbeturinave të baterive.

Për shkak të interesit të madh dhe për fat të  keq për shkak të  karantanimit ende aktiv dhe gjendjes së jashtëzakonshme , Zero Mbeturina  vendosi të vazhdojë fushatën e saj edukative  digjitale me një sfidë të dytë eko-kërkimore.

Këtë herë në mbështetje të Ministrisë së Mjedisit  Jetësor dhe Planifikimit Hapësino, Ministrisë së Arsimit dhe Shkencës, Delegacionit të Bashkimit Evropian dhe Shoqatës së Menaxhimit të Mbetjeve të Ngurta në Maqedoni.

Ne vazhdojmë të jemi edhe më të shumtë, më kreativë dhe më të zëshëm.

Bashkohu me ne, bëhu  dhe ti një fëmijë i planetit të ri dhe kohës së re!

Sfida Eko –kërkimore  për të gjithë fëmijët e moshës shkollore (klasat 1-9)

ТЕМА:

Bateritë, rrezik apo mundësi?

Me eko-kërkimi në eko zgjidhje!

Prano sfidën, bëhu një eko-studiues dhe ndiqi udhëzimet në një mënyrë tjetër të kërkimit për të gjetur eko-zgjidhjen më të mirë.

RREGULLORJA PËR PJESËMARRJE:

  • Nevojitet  ti  ndiqni  fan/faqet e  Zero Mbeturinave  në Facebook dhe instagram.
  • Kërko ku ka shporta për bateri të Zero Mbeturinave. Shiko se çka në to. A ka vetëm bateri të vjetra apo ka edhe lloj tjetër të mbeturive. Nëse ke mundësi dokumentoje këtë me fotografi  dhe trego çka është e drejtë, e çka jo? Ndihma e prindërve është e mirëseardhur.
  • Kontrollo në shtëpinë tënde ku keni bateri, për çka më së shumti ju shërbejnë dhe bëj kërkim çfar lloje të bateriuve ekzistojnë.
  • Hulumto pse bateritë janë mbeturinë e rrezikshme  dhe çfarë ndodh nëse i hudhim me mbeturinat e tjera?
  • Çka fitohet me riciklimin e baterive, si deri te eko zgjidhja?
  • Paraqitni rrugën tuaj eko-kërkimore në një prezantim video të shkurtër jo më gjatë se tre minuta. Kreativiteti është edhe një herë në lëvizje. Mund të përdorni  inçizime, foto, vizatime, fakte, të dhëna, gjithçka që mendoni se do t’ju çojë në zgjidhjen më të mirë eko.
  • Me një kërkesë të plotësuar për pjesëmarrje dhe pëlqim nga  prindi, dërgoni videon tuaj në adresën e mëposhtme të postës elektronike: info@nulaotpad.com.mk
    FLETËPARAQITJA PËR PJESËMARRJE
  • Me vet dërgimin e videos, ju pranoni rregullat për të marrë pjesë në sfidën eko-kërkimore dhe pranoni që ajo të publikohet dhe të përdoret për fushatën edukative të zbatuar nga Zero Mbeturina.
  • Zero Mbeturina  ruan të drejtën e autorit të të gjitha krijimeve audio-vizive të paraqitura në sfidën eko-kërkimore.
  •  Të gjitha videot që plotësojnë kriteret e mësipërme do të postohen në rrjetet sociale të Zero Mbeturinave dhe do të marrin pjesë në sfidën për çmimin kryesor.
  • Ti ndajmë  mesazhet e fëmijëve  të planetit të ri dhe kohës së re. Le të dëgjojnë të gjithë për të mirën e të gjithëve!
  •  Nëse sfida është e suksesshme dhe arrijnë së paku 20 video mesazhe, një juri ekspert në fushën e menaxhimit të mbeturinave dhe mbrojtjes së mjedisit do të shpërblejë videon me mesazhin më të mirë dhe eko zgjidhjen me një skuter elektrik.
  •  Të gjithë pjesëmarrësit e tjerë, videoja  e të cilëve do të publikohet, do të marrin një EKO DIPLOMË  për një kontribut si njohës  për mbrojtjen e mjedisit.
  • E RËNDËSISHME: Në mënyrë që sfida  për çmimin  kryesor të jetë e vlefshme, është e nevojshme të paraqisni të paktën 20 video dhe 20 pjesëmarrës. Përndryshe, eko diplomat do t’u jepen të gjithë pjesëmarrësve.
  • Afati i dërgimit të videove është 15.07.2020. Zgjedhja  dhe shpallja e videos më të mirë me zgjidhjen më të mirë eko dhe mesazhin më të mirë eko do të bëhet në 20.07.2020 nga një juri eksperte nga Zero Mbeturina  dhe bashkëpunëtorët e fushatës.
  • Të  drejtë të marrin pjesë kanë të  gjithë fëmijët e moshës shkollore (arsimi fillor)

Bëhu një eko-studiues, pararendës  i planetit të ri dhe epokës së re! Transmetoni një mesazh të fuqishëm, dhe ndajeni, le të dëgjojë  gjithë planeti !!!

ИСТРАЖУВАЈ СО НУЛА ОТПАД И ОСВОЈ ЕЛЕКТРИЧЕН ТРОТИНЕТ!

Во тек е еко истражувачкиот предизвик на Нула Отпад наменет за сите деца на училишна возраст  (1-9 одделение) на тема “Батериите опасност или можност”?  и со порака “Со еко истражување до еко решение”!

Децата на училишна возраст (1-9 одделение) ги предизвикуваме да бидат еко истражувачи во дадената тема, да следат конкретни насоки за истражување со цел да дојдат до најдобро еко решение.

Прифати го предизвикот, придружи им се на децата на новата планета и новото време!Изработи кусо видео на дадената тема не подолого од три минути и испрати го на info@nulaotpad.com.mk  најдоцна до 15 јули.

Доколку едукативната кампања е успешна и пристигнат минимум 20 видео пораки за еко истражувачкиот предизвик, Нула Отпад најдоброто еко решение и видео според оценувањето на стручното жири ќе го награди со главна награда електричен тротинет.

Сите останати учесници ќе добијат ЕКО ДИПЛОМИ за значаен придонес во заштита на животната средина од опасниот отпад, додека најдобрите десет ќе добијат едно од одличните литературни изданиа за деца од Златно Перо Битола.

Предизвикот е во поддршка на Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерство за образование и наука, Делегација на Европска Унија и Македонската асоцијација за управување со цврст отпад МАСВА.

Ликовно – Креативен Предизвик

Како на забавен, креативен и едукативен начин да добиеш лаптоп?Еко предизвик и можност да освоиш 💻.Изработи плакат на тема: „Да ја заштитиме планетата од опасниот отпад – отпадните батерии и електронскиот отпад. Рециклирањето е важно и неопходно!” и испрати видео порака.✅Потребно е да ги заследите фан/страните на Нула Отпад Фејсбук и Инстаграм.✅Плакатот да не е помал од А4 формат.✅Користи комбинирана ликовна техника или сé што може на креативен начин да се искористи и го имаш на располагање во твојот дом: хамер, лист од блок, голем лист од тетратка А4, колажна хартија, часописи, новинска хартија, ножички, хартија за подлога, лепило, фломастери, дрвени боици, темперни бои, четки… и многу креативност и еко желба.✅Помошта од родителите е повеќе од добредојдена.✅Направи видео презентација, кусо видео на изработениот плакат не подолга од три минути. Пренеси моќна порака за новата планета и новото време!✅Испратете го видеото со Ваши податоци, име, презиме и возраст со задолжителна согласност од родител/старател на следниот e-mail: info@nulaotpad.com.mk.✅Лобирајте кај Вашите пријатели да гласаат преку споделување и лајкување на твојата видео порака.Предизвикани сте! Бидете и Вие деца на новата планета и новото време 🌍♻️❗️

Еко херои на планетата

Еко херои на планетата” – едукативна кампања на Нула Отпад во 10-те основни училишта на територијата на општина Карпош.

Месец февруари 2020 година Нула Отпад започнува едукативна кампања на територијата на општина Карпош. Вклучени се десет основни училишта од општината.

Проектот е насловен како “Еко херои на планетата”. Предвидени се едукативни работилници на тема “Примарна селекција на отпадот и заштита на животната средина”.

Околу 6000 ученици ќе бидат опфатени со едукација а паралелно ќе се одвива и акција на собирање на четири категории на отпад во училиштата: отпадни батерии, ситен електронски отпад, амбалажна хартија и пластични шишиња. Врз основа на собраните количини ќе се реализира избор на нај еко училиште.

На овој начин преку децата ќе внесеме еко култура до домовите и родителите и општо подигнување на свеста за неопходноста од примарна селекција и заштита на животната средина, ќе го потикнеме натпреварувачкиот дух меѓу децата и ќе им покажеме дека селектирањето и рециклирањето може да е забавно.

Паралелно со едукацијата и изборот на најеко училиште ќе се реализира и избор на најеко фотографија – #бидиекохерој. Изборот започнува 17.02.2020 и завршува 27.05.2020 во 12 часот со пресек и избирање на најлајкуваните фотографииобјавени јавно на фејсбук профилите на родителите/старателите со #бидиекохерој.

Објавуваме правилник за учество и реализација на фото конкурсот “Биди Еко херој”.

Едукативната кампања и целиот проект се реализира во соработка на Пакомак ДОО и Фор Селект Скопје.

ПРАВИЛА