Еко херои на планетата

,, Еко херои на планетата” – едукативна кампања на Нула Отпад во 10-те основни училишта на територијата на општина Карпош.

Месец февруари 2020 година Нула Отпад започнува едукативна кампања на територијата на општина Карпош. Вклучени се десет основни училишта од општината.

Проектот е насловен како “Еко херои на планетата”. Предвидени се едукативни работилници на тема “Примарна селекција на отпадот и заштита на животната средина”.

Околу 6000 ученици ќе бидат опфатени со едукација а паралелно ќе се одвива и акција на собирање на четири категории на отпад во училиштата: отпадни батерии, ситен електронски отпад, амбалажна хартија и пластични шишиња. Врз основа на собраните количини ќе се реализира избор на нај еко училиште.

На овој начин преку децата ќе внесеме еко култура до домовите и родителите и општо подигнување на свеста за неопходноста од примарна селекција и заштита на животната средина, ќе го потикнеме натпреварувачкиот дух меѓу децата и ќе им покажеме дека селектирањето и рециклирањето може да е забавно.

Паралелно со едукацијата и изборот на најеко училиште ќе се реализира и избор на најеко фотографија – #бидиекохерој. Изборот започнува 17.02.2020 и завршува 27.05.2020 во 12 часот со пресек и избирање на најлајкуваните фотографииобјавени јавно на фејсбук профилите на родителите/старателите со #бидиекохерој.

Објавуваме правилник за учество и реализација на фото конкурсот “Биди Еко херој”.

Едукативната кампања и целиот проект се реализира во соработка на Пакомак ДОО и Фор Селект Скопје.

0 replies

Leave a Reply

Want to join the discussion?
Feel free to contribute!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>