ЕДУКАТИВНА КАМПАЊА ДАЛИ ЗНАЕШ КАДЕ Е МОЕТО МЕСТО

Во  текот на месец мај 2015 година, Колективниот постапувач за батерии и акумулатори и отпадни батерии и акумулатори и отпадна електронска и електрична опрема „НУЛА ОТПАД“ ДОО Скопје, во соработка со ПЛАНКТОНИУМ Скопје како здружение на граѓани за заштита на животната средина ,како имплементатор, спроведување на едукативната кампања на тема „ДАЛИ ЗНАЕШ КАДЕ Е МОЕТО МЕСТО“ во заедничка соработка со основните училишта во Општините кои први започнаа со имплементација на обврските за постапување и управување со овие типови отпад.

Како први општини се: Општина Свети Николе, Општина Битола, Општина Виница и Општина Македонски Брод.

edu_kampanja

Согласно една од обврските на колективниот постапувач НУЛА ОТПАД ДОО Скопје, подигнување на јавната свест кај граѓаните, се одлучи за едукација кај помладите односно учениците на возраст од 10 до 13 години, кои се на  возраст каде може целосно да се разработи оваа проблематика, а истата да биде убаво и целосно разјаснета, се со цел започнување на нова генерација која ќе се грижи за животната средина и сопственото здравје и здравјето на идните генерации, со правилно управување и постапување со отпадот од електронска и електрична опрема и отпадот од батерии и акумулатори.

Од страна на НУЛА ОТПАД ДОО Скопје низ  погоре наведените општини, во сите основни училишта, средни училишта, градинки и останати институции под надлежност на Општината, ќе бидат поставени садови за собирање на отпадни батерии, а во дел се веќе и поставени истите.

0 replies

Leave a Reply

Want to join the discussion?
Feel free to contribute!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>