Годишен извештај

Почитувани,

Ве информираме дека Управата за животна средина го одобри нашиот Годишен извештај за 2014 година, со што сите наши членови, преку НУЛА ОТПАД ДОО Скопје ги исполнија националните цели за 2014 година утврдени со Законот за управување со батерии и акумулатори и отпадни батерии и акумулатори. Во прилог го имате Одобрувањето на Годишниот извештај од страна на Управата за животна средина.

Како и изминатите две години, така и 2014 за НУЛА ОТПАД беше уште една успешна година. НУЛА ОТПАД согласно Законот за управување со батерии и акумулатори и отпадни батерии и акумулатори, организира едукација на населението, собирање на отпадните батерии и акумулатори, со што допринесе повторно да добие позитивно мислење од државните органи, без ниту една забелешка во однос на работењето.

Ви благодариме што во 2014 година бевте дел од НУЛА ОТПАД и придонесовте за нашето и Ваше успешно работење. Веруваме дека и оваа 2015 година ќе бидеме дел од ист тим и ќе ги исполниме успешно целите кои си ги поставивме за оваа 2015 година.

Остануваме и понатаму заедно со Вас, како сигурен и професионален колективен постапувач за управување со отпадни батерии и акумулатори и отпадна електронска и електрична опрема.

Тимот на

НУЛА ОТПАД

0 replies

Leave a Reply

Want to join the discussion?
Feel free to contribute!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>