Согласно Законот за управување со електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електронска опрема:  

  • “Поседувач“ е правно или физичко лице кое ко-ристело, користи или има намера да користи опрема, односно лице кое со вршењето на својата дејност постојано или привремено создава отпадна опрема, а како поседувач, во смисла на овој закон, не се сметаат граѓаните или домаќинствата;
  • “Трговец” е секое правно или физичко лице кое во синџирот на снадбување ја прави опремата достапна на пазарот. Трговецот може да биде во исто време и производител согласно точка 13 од член 7 од законот.

Согласно Законот за управување со батерии и акумулатори и отпадни батерии и акумулатори: 

  • “Поседувач“, е правно или физичко лице кое со вршењето на својата дејност постојано или привремено создава и/или поседува отпадни батерии и акумулатори, а како поседувач во смисла на овој закон не се сметаат граѓаните или домаќинствата.
  • “Трговец” е правно или физичко лице кое на професионална основа обезбедува снадбување на батерии и акумулатори за крајните корисници.