Батериите кои ни се од голема корист во секојдневниот живот, кога ќе се расипат и станат отпад многу ја загадуваат околината.

Милиони батерии се употребуваат и се отфрлаат од употреба секојдневно. Батериите ни обезбедуваат енергија секаде каде што ни е потребна, без оглед на дистрибутивната мрежа. Со зголемениот број на произведени батерии се зголемува и одговорноста за огромното количество батерии што се отфрлаат од употреба.

Кога ги фрламе батериите заедно со комуналниот отпад, тие завршуваат на депониите каде што тешките метали што се содржани во нив имаат потенцијал да се филтрираат постепено во почвата и во подземните води. Контаминираните почва и вода влијаат врз квалитетот на исхраната на животните, а со тоа и на прехранбените производи што доаѓаат од почвата, како и млекото, сирењето итн., кај кои се забележува повисоко ниво на тешки метали.

Зголеменото количество тешки метали во човековиот организам предизвикува главоболка, абдоменални тешкотии, епилептични напади, деформација на коскениот систем, остеопороза, стерилитет, рак, кома, па дури и смрт. Во многу случаи отпадот се гори на депонија или во печки (инцениратори), а кога се горат металите, тие се концентрираат во пепелта што настанува при согорувањето, а навлегуваат и во атмосферата преку гасовите кои што се испуштаат од оџаците.

Проблемот е сериозен, последиците фатални!

Неопходна е примарна селекција во посебни садови за отпадни батерии од Нула Отпад поставени во училишта, градинки, молови, поголеми и помали компании.

Погледнете ја мапата со локации за садови за батерии во Вашето најблиско опкружување