Интересно да се знае за батерии и акумулатори ?
    • Батериите и акумулаторите се произведени од вредни и ретки суровини
    • Батериите и акумулаторите содржат разни опасни хемикалии и тешки метали
    • Задолжително е означување на батерии и акумулатори со знакот (симболот) за одвоено собирање.
    • Не е дозволено отфрлање на батерии и други оловни батерии и акумулатори во комунален отпад, туку е потребно нивно одложување во специално наменети садови (канти и контејнери ).
    • 61% од населението во РМ користи примарни батерии за еднократна употреба, додека секундарни батерии на полнење користи само 25% од населението. (Според истражување на НВО Метаморфозис од 2011 година)
    • Со рециклирање на металите содржани во батериите се остварува заштеда на енергија од 45% до 90% во споредба со процесот на производство преку преработка на рудата.
    • До 60% од батеријата или акумулаторот може да биде успешно рециклирана.
    • Само 2% од батериите се рециклираат.
    • 70% од батерии, завршуваат во депонија. Тоа се околу 8.000 тони /годишно
    • Батериите (преносни, од мобилен, лап-топ, од помошни уреди, часовници, компјутери и др.) се собираат оделно и не се мешаат со друг вид на отпад.
    • Батериите се неизоставен дел од електричната и електронската
    • опрема
    • Матичните плочи од ИТ опремата имаат копчеста живина батерија.
    • Eдна батерија може да го загади 750.000 литри на подземните води.
    • Rechargeable батериите се 10 пати полоши за животната средина од обичните батерии.
    • Целосно наполнета батерија замрзнува на -85°F .
    • Празната батерија доколку не се наполни ќе „сулфира“ и ќе изгуби од својот капацитет.
    • Брзото полнење не може во целост да ја наполни батеријата, затоа следете го бавниот процес на полнење со траење од 3 до 4 часа.
    • Најчесто непризнаена причина за расипување на една батерија е најзино преполнување.
    • Топлите батерии како и оние преполнетите се расипуваат побрзо од ладните.
    • Можете да го зголемите векот на „живеење“ на една батерија со тоа што ќе ја чувате во ладна просторија на пример во фрижидер или замрзнувач со што се забавуваат хемиските реакции во самата батерија.
    • Американците купуваат речиси 3 милијарди батерии секоја година за радија, часовници, играчки, лап-топ компјутери, алатки итн.
    • Митот дека батеријата побрзо протекува на бетонска подлога е невистинит. Протекува со истата брзина како и на секој друга подлога.
    • За правење на батериите е потребна 50 пати поголема енергија во споредба со износот на енергија што батериите можат да ја дадат.
    • Во некој земји дури 97% од оловни акумулатори се рециклираат.
    • Една батерија за кола – акумулатор содржи 18 кг. Олово и 1 кг. сулфурна киселина.
    • 60-70% од штетата од депониите е предизвикана од батериите.
    • Ефикасноста на батеријата се зголемува со опаѓањето на температурата.

ОНА ШТО ТРЕБА ДА СЕ ЗНАЕ ЗА БАТЕРИИ!

Секој современ жител годишно употребува просечно по 12 различни видови батерии.

Што е батерија?

Батерија или акумулатор е секој извор на електрична енергија создадена со директно претворање на хемиска енергија, кој содржи една или повеќе примарни батериски ќелии (кои не можат повторно да се полнат), или содржи една или повеќе секундарни батериски ќелии (кои можат повторно да се полнат);

Во текот на една година батериите губат од 8-10% од својата енергија дури и ако стојат во своето оригинално пакување.

Кога е пронајдена првата батерија?

Првата батерија е создадена од Александро Волта во 1798 и е направена во чест на Наполеон и е позната под името волтин столб или волтин елемент.

Зошто ни се потребни батериите?

Батериите ни се потребни бидејќи ни обезбедуваат енергија без оглед на достапност на електрична енергија и ни овозможуваат независност од електричната мрежа.

Дали сметате дека батериите се опасни?

Да! Во нашиот секојднвен живот постојано сме во контакт со батериите на пр во мобилните, лаптопот, далечинските управувачи, часовниците и сл. Но по нивното истрошување тие се фрлаат и се заменуваат со нови. Батериите стануваат штетни токму по нивното фрлање во обичниот отпад , бидејќи тие претставуваат опасен отпад.

Зошто всушност се категоризираат како опасен отпад?

По нивното помешување со обичниот отпад под дејство на хемиски, надворешни влијаниеја и несоодветни услови доаѓа до корозија и излевање на радиоактивни метали надвор од батеријата кои негативно влијаат на почвата подоцна и околината.

Што се сличува ако несоодветно постапам?

Зголемена е опасноста од добивање на карцином на белите дробови и простата, оштетување на централниот нервен систем, остеопороза, стерилитет и др.

Како да се заштитам?

Така што ќе ги фрлам батериите на точно предвитените места наречени канти за батерии.

Каде може да ги пронајдам овие канти?

На  повеќе локации , види го списокот на објекти во концептот Нула Отпад.

Што се добива со случува со собраните батерии?

До 60% од батеријата или акумулаторот може да се рециклира .

Во центрите за рециклирање на отпад од старите батерии се отстрануваат опасните материи, како на пример живата, а потоа се топат на температура од 1 200  степени целзиусови за да се издвојат тешките метали како магнезиум, цинк, никел, кои не се обновуваат во природата.

На пример манганот добиен при согорувањето на батериите може повторно да се употреби за изработка на чешми,  железнички пруги и друго, додека цинкот служи за изработка на олуци или антикорозивни бои.

https://www.youtube.com/watch?v=rIdPfDHeROI&feature=emb_title

Тест за исправност на батерии!

Со едноставен тест можете да откриете дали батеријата е полна или празна. Испуштете ја батеријата исправена на црврста подлога. Ако слушнете чист удар и батеријата застане исправена значи дека е полна. Ако е испразнета, ќе удри повеќе пати и веројатно ќе падне.

Како можам да направам сам/а батерија?

Многу едноставно потребни се:бакарни парички, картон, алуминиумска фолија, оцет и диода. Се реди наизменично: паричка, картон, потопен во оцет па фолија и на крај се поврзува со диода која може да свети и до 3 дена.

Превземете ја листата со видови на батерии и нивна употреба

 

  • Интересно да се знае за отпад од Електична и електронска опрема!
    • Отпадот од електричната и електронската опрема (ОЕЕО) се смета за најбрзорастечки отпад во ЕУ, со стапка на пораст од 3 до 5%, што е три пати повеќе од стапката на пораст на комуналниот отпад.
    • Во ЕУ се продаваат од 11 до 12 милиони тони ОЕЕО годишно,
    • најголем удел по маса од ЕЕ отпад отпаѓа на широкиот спектар бела техника и на информатичката и телекомуникациската опрема.
    • Батериите се неизоставен дел од електричната и електронската опрема

ШТО ТРЕБА ДА СЕ ЗНАЕ ЗА ОТПАД ОД ЕЛЕКТРИЧНА И ЕЛЕКТРОНСКА ОПРЕМА

  • Со рециклажа на компјутери тешки околу 30кг се добива дури 25кг суровина од прва категорија која може да се врати во производство и 4,7кг суровина од втора и трета категорија
  • Е-отпадот содржи чисти и квалитетни суровини, како и многу опасни компоненти (олово, жива, арсен и др.) кои негативно влијаат врз здравјето на луѓето и на животната средина воопшто
  • Поголемиот број од луѓето купуваат нов мобилен телефон на секои 2 години а повеќе од 90% од материјалите со кои се изработени мобилните телефони можат да се рециклираат (не вклучувајќи ја батеријата).
  • Глобално е-отпадот расте со годишна стапка од 5% што го прави најбрзо растечки отпад на планетата. Тоа значи дека секоја година, глобално, е-отпадот расте за 50 милиони тони, а секој саат се одложуваат 4.000 тони е-отпад.
  • ЦРТ мониторите (со катодна цевка) и телевизиските монитори содржат во просек 2-4кг олово. 40% од оловото во депониите е со потекло од потрошувачката електронска опрема.
  • Дури 70% од ИТ-отпадот може повторно да се употребува, што значи дека истиот може и мора да се рециклира. Рециклирањето е најдоброто решение за јавното здравје, животната средина и економијата.
  • Различен вид на е-отпад содржи околу 60% метали, 30% пластика и помалку од 10% стакло. Со самото тоа е-отпадот претставува добар извор на различни материјали – суровини кои се помалку се достапни во природата.
  • Во Европа е пракса на 30 илјади жители да постои собирен центар за одлагање на отпадна е-опрема.
  • Матичните плочи од ИТ опремата имаат копчеста живина батерија.
  • 40% од оловото во депониите е со потекло од потрошувачката електронска опрема.
  • Заштедата на енергија на рециклираниот материјал во однос на

оригиналниот материјал од електричната и електронската опрема

(ОЕЕО) која содржи разни видови батерии е прикажана на следнава

табела.

Материјал

Алуминим

Бакар

Железо/Челик

Олово

Цинк

Заштеда на енергија (%)

95

85

74

65

60

  • Што треба да се знаеме за електронска и електрична опрема!

Што е Електрична и електронска опрема и уреди? 

Електрична и електронска опрема и уреди ( EE -опрема) претставуваат сите производи кои за својата правилна работа во потполност зависат од електрична енергија или елекромагнетни полиња како и опрема за производство, пренос и мерење на струјата или за мерење на јачина на електромагнетни полиња и е наменета за користење при напон кој не е поголем од 1.000V за наизменична и 1.500V за еднонасочна струја и не ја вклучува  амбалажата.

Електричната и електронската опрема се карактеризира со најбрз технолошки развој и висок иновациски циклус и ова производство претставува една од најбрзорастечките преработувачки индустрии во светот.

Во ЕУ се продаваат од 11 до 12 милиони тони ОЕЕО годишно, а најголем удел по маса отпаѓа на широкиот спектар бела техника и на информатичката и телекомуникациската опрема.

Што се Електричен и електронски отпад?

Електричен и електронски отпад (EE отпад) е отпадната електрична и електронска опрема вклучувајки ги склопките и составните делови, кои настануваат во стопанството (индустрија, обработка и др.), електронски отпад од домаќинства, односно отпадна електрична и електронска опрема  настаната во домаќинствата или во производно/ услужни дејности кога по врста и количина е слична на ЕЕ отпадот од домаќинства.

Отпадот од електричната и електронската опрема (ОЕЕО) се смета за најбрзорастечки отпад во ЕУ, со стапка на пораст од 3 до 5%, што е три пати повеќе од стапката на пораст на комуналниот отпад.

Зошто всушност се категоризираат како опасен отпад?

Отпад од електронска и електричена опрема (ОЕЕО) е комлекс на отпад од различни материјали и компоненти, вклучувајки и опасни материи и према Законот за управување со отпад неможе да се меша со други типови на отпад.

Електричен и електронски отпад содржи отровни и многу често канцерогени супстанци, па заради тоа е многу опасен за човековото здравје , животната средина и нашата планета.

Батериите се неизоставен дел од електронска и електричена опрема.

Што претставува рециклажа на ее отпад?

Целта за управувањето со ЕЕ отпадот е успоставување на систем за одвоено собирање на електричниот и електронскиот отпад.

Потребно е да се класифицира врз основ на категориите на ЕЕ отпад за негова понатамошна употреба, згрижување и заштита на животната средина и здравјето на граѓаните.

Овие ризици можат да бидат значајно намалени доколку добро се управува со тој отпад. Елементите на доброто управување се: одвојување од другиот отпад,  соодветен технички третман, со кој ќе се намали ослободување на штетни материи и ќе се овозможи што поголема рециклажа на истиот.

Рециклажа е збир на активности со кои се обезбедува повторно искористување на отпадните материјали.

Во моментов во РМ повеќе од 90% од ОЕЕО завршува на депонија.

Со рециклажата се постигнуваат следните цели:

  1. Штедење на сировински ресурси
  2. Заштеда на енергија
  3. Заштита на животна средина
  • Видови на електронска и електрична опрема

Со почитување на законските одредби , ЕЕ отпад се категоризира во 10 категории:

КАТЕГОРИИ НА ЕЛЕКТРИЧЕН И ЕЛЕКТРОНСКИ ОТПАД

  1. ГОЛЕМИ КУЈНСКИ АПАРАТИ

големи разладни уреди, фрижидери,замрзнувачи,машина за перење на алишта,машини за сушење на алишта, машини за миење садови, рерни за вградување,ел. Шпорети, ел, рингли, микробранови печки, ел уреди за греење, термоакулациони печки, ел. Радијатори, вентилатори, клима уреди, и др.

  1. МАЛИ КУЈНСКИ АПАРАТИ:

правосмукалки,машини за чистење теписи, уреди за шиење, плетење,ткаење и др.опрема за текстил,пегли,тостери,фритези,кафемати,мелници,ел. Ножеви,уреди за шишање, сушење на коса, миење на заби, бричење, масажа, сатови, рачни часовници,ваги и други типови уреди

  1. ОПРЕМА ЗА ИТ И ТЕЛЕКОМУНИКАЦИИ:

централизирана обработка на податоци,големи сметачи,мали сметачи,печатари,персонална сметачка опрема,персонален сметач, ЦРЕ, глушец,монитор, тастатура,преносни сметачи, лап топ, notebook сметачи, notepad сметачи,опрема за копирање,ел.машини за пишување,џепни калкулатори и други, кориснички терминали и системи, факс уреди, телефакс уреди, телефони, јавни телефони, бежични и мобилни телефони, автоматски секретарки, останати уреди.

  1. ОПРЕМА ЗА РАЗОНОДА:

радио апарати, ТВ апарати, видеокамери, видеорекордери, hi-fi уреди, аудио засилувачи, музички инструменти и друго

5.ОПРЕМА ЗА ОСВЕТЛУВАЊЕ:

флуоресцентни светилки, високонапонски светилки, нисконапонски натриумови светилки, светилки со жаречка жичка и друго

  1. ЕЕ АПАРАТИ И АЛАТ:

Бушилици,пили,машини за шиење, опрема за вртење, мелење,брусење,полирање,стругање,режење,сечење,дупчење,пробивање,превивање и др. За обработка на метал, стакло, дрво и други материјали, алати за ковење, спојување, кинење , алати за заварување, лемење, апарати за обработка на течни и гасовити материи, машини за косење и др. Градинарски работи и друго.

  1. ИГРАЧКИ ЗА РЕКРЕАЦИЈА

Ел. Возчиња,автомобилчиња,рачни конзоли за видео игри, видео игри, спортска опрема, компјутери за велосипедизам, ронење, трчање, веслање, автомати за играње со пметални парички

  1. МЕДИЦИНСКИ ПОМОШНИ АПАРАТИ

Радиотераписка опрема,кардиолошки уреди,уреди за дијализа, белодробни вентилатори, уреди за нуклеарна медицина, лабораториска опрема за дијагноза ин витро, апарати за анализа, апарати за ладење, уреди за испитување на оплодувањето, и други апарати за откривање, спречување, следење, обработка,намалување на болка, повреда или немоќност.

  1. ИНСТРУМЕНТИ ЗА СЛЕДЕЊЕ И НАДЗОР
    Детектори за чад,терморегулатори и термостати,уреди за мерење, вагање или баждарење за домаќинства или лаборатории, останати уреди за мерење и контрола кои се применуваат во индустриски инсталации
  2. АВТОМАТИ

За топли напитоци, за шишиња или лименки, банкомати, автомати за цврсти производи

Сите други уреди за автоматско издавање на сите производи.