ШТО Е ЕЛЕКТРОНСКИ ОТПАД, КАКО СЕ ГЕНЕРИРА И КАКВИ СЕ ПОСЛЕДИЦИ ИМА НА ЧОВЕКОТ И ЖИВОТНАТА СРЕДИНА?

Е-ОТПАД е општ термин кој се користи да се опишат стари, дотраени или отфрлени уреди кои се поврзани на електрична мрежа и/или содржат електронски делови.

Е-отпад како категорија е најбрзо растечки вид на отпад од количински аспект. Брзиот развој на технологијата наметнува постојана потреба од нови уреди:

-Кога ажурирањата на софтверите повеќе не се достапни;

-Кога уредите стануваат преголеми, а преспори, стари или здодевни;

-Кога сите се стремат за подобро, побрзо и поново.

Глобално се произведуваат 40 милиони тони на е-отпад или 800 лаптопи во секунда, додека 60% од произведениот е-отпад за жал завршува во депониите.

Проблемот се зголемува секоја година.

Електричниот и електронскиот отпад и отпадните батерии делуваат како нетоксичен отпад, но нивното несоодветно третирање, уништување и депонирање доведува до испуштање на тешки метали во воздухот, водата и почвата, кои што сериозно делуваат на здравјето на граѓаните и воопшто на квалитетот на животната средина.

Овој отпад содржи екстремно токсични, често канцерогени супстанции што доведуваат до оштетување пред се на мозокот, срцето, бубрезите, белите дробови, а влијаат и на зголемување на крвниот притисок и на проблеми во репродуктивниот ситем кај луѓето.

Речиси 70% од тешките метали, вклучувајќи ја живата и кадмиумот на депониите потекнуваат од електронската опрема.

Како на безбеден начин да се ослободиме од непотребната електроника од нашиот дом/компанија? Погледни тука